Home News Митко Јанчев им упати важна порака на жителите на Кавадарци

Митко Јанчев им упати важна порака на жителите на Кавадарци

Митко Јанчев, градоначалникот на Општина Кавадарци, пред малку на својот официјален профил, им упати важна порака на жителите на Општина Кавадарци:

-Согласно известувањето од Оделението за мониторинг на квалитет на воздух сектор македонски информативен центар за животна средина при Министерство за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија и

согласно Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели

(Службен весник на Република Македонија бр. 183 од 14.12.2017 година) во која е дефиниран прагот на информирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри g/m3

(надминување на вредноста од 100 во текот на два последователни денови) и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, од Општина Кавадарци на граѓаните им препорачуваме:

-Да се користи јавниот превоз

-Возила да не се користат без поголема потреба

-Да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и било каков синтетички материјал.

Правилно да се користат печките за дрва (види брошура) Во вакoв случај Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје на РМ ги даваат следните препораки:

Ограничени движења и активности на отворен простор на најранливата популација (деца, стари лица, болни од хоронични болести на белодробниот и срцевиот садовен систем,

со посебен ризик за болните од бeлодробна астма), но и за лицата кои својот професионален ангажман го обавуваат на отворен простор во загадените зони на градот.

Previous articleКолозова: Јавете ми кога пак ќе се појави некој како Заев во оваа политичка каcаба
Next articleРанко „Буба Мара“ објави досега непозната информација за татко му – тој бил скокач со стап, атлетски рекордер во тоа време