Home Live Орце Гелевски, бившиот на Ирена Спасовска изгледа како дечко, еве што прави...

Орце Гелевски, бившиот на Ирена Спасовска изгледа како дечко, еве што прави сега (ФОТО)

Орце Гелевски и Ирена Спасовска, парот кој во македонската јавност важеше за еден од оние кои имаат најстабилна врска.

Ирена Спасовска е фолк пејачка а Орце Гелевски е водител во МТВ. Тие долги години живееа заедно но пукна тиквата и тие двајца веќе подолго време не се заедно.

По 13 годишна врска во која невенчано живееја заедно, Орце и Ирена се разделија.

Медиумите шпекулираа во врска со нивната разделба но пред извесно време Орце искрено проговори и рече дека не е лесно по толку време поминато со некоја личност да се продолжи како ништо да не се случило.

Долго молчев на темава. Решив да проговорам сега и да ставам крај на ова поглавје во мојот живот. Време е да се свртиме кон нови, поведри теми во иднина. родолжувам напред, посветен на работата, на синовите, на внуката.

Не ме прашувајте која е причината поради која се разделивме, доволно се објави во порталите на таа тема. Да, неверство, но не од моја страна.

Не сакам повеќе да се навраќам на тоа што било и поминало, само ќе кажам дека јас имав голема верба во нашата врска, во која што влегов со искрени емоции. Жртвував многу, а добив една животна лекција, вели тој.

Во Женски магазин, Гелевски зборуваше за своето секојдневие. „Јас сум оптимист и мислам дека наскоро ќе се вратиме во нормалните текови и во убавите моменти на животот.

Но за сé ова е потребна позитивна мотивација и водилка во животот. Тоа го имам покрај себе – прекрасно семејство и убава работа исполнета со музика, песна и голем број пријатели.

Секако дека целата оваа ситуација присутна е и во работните организации, така е и во мојата Македонска Радио Телевизија, каде што сепак се трудиме во новите услови да продолжиме да ги реализираме нашите обврски.

Познато е, за мене лично, целиот мој работен стаж, досега околу 36 години во МРТ – посветен е на народната музика и навистина се чувствувам горд што сето ова време го посветив на оваа мошне значајна материја за македонскиот народ, за македонската култура.

Се надевам дека со сé она што имам дадено досега, имам барем мал придонес во негувањето, создавањето и афирмацијата на фолклорот и фолклорната традиција.

Моментално покрај другите обврски во Забавната редакција на МТВ,

пред сé сум преокупиран околу емисијата „Фолк џубокс“, околу уредувањето на содржините и учесниците во емисијата, која неколку години доста успешно ја водиме со мојата прекрасна колешка Тања Петровска.

Од друга страна, слободните денови за време на викендите резервирани се пред сé за во кругот на моето семејство.

За среќа со моита два сина, за кои сакам да истакнам дека сум навистина горд татко, тие се веќе фамилијарни луѓе, и со нив живееме во близина и речиси сме постојано заедно, посебно во ова време кога треба да им се помогне околу нивните ќеркички – нашите две прекрасни принцези – Калина и Јана, кои навистина ги променија нашите животи во улога на дедо и баба!

И секако сосема е точна онаа констатација дека внуците, како да се сакаат повеќе од своите деца.

Како млади како да немавме доволно време за нив и сега сета топлина, сета љубов им ја даруваме на нашите две мали прекрасни внуки од кои ја добивам најголемата мотивација, енергија, радост,среќа – едноставно тоа чувство не може да се опише !““, изјави Гелевски.

Гелевски е се уште активен на Македонската радио телевизија, со емисијата „Фолк џубокс“, која се емитува на Македонската радио телевизија, и изгледа одличмо, како дечко.

Годините ништо не му можат на нашиот познат новинар, тој супер си гази, и во приватниот и во професионалниот живот.

Previous articleПрв случај на Омикрон кај нас, детектиран е во болницата Жан Митрев, човекот дошол од Англија
Next articleДарко Лазиќ тајно се венча во Америка, семејството на Барбара во неверување