Home News Проф. Даниловски јавно се извини: Немав намера да навредам никого – ве...

Проф. Даниловски јавно се извини: Немав намера да навредам никого – ве молам простете

Во средата, на 22 декември се одржа панел дискусија за вирусот ковид 19, на која се направи ретроспектива на пандемијата.

Панелисти на дискусијата беа тројца професори од Медицинскиот факултет во Скопје, проф. д-р Драган Даниловски, специјалист по епидемиологија, проф. д-р Никола Пановски, специјалист по медицинска микробиологија и проф. д-р Елисавета Стикова, специјалист по медицина на труд.

Дискусијата ќе ја модерираше д-р Харис Бабачиќ, магистер по епидемиологија и истражувач на Институтот Каролинска во Стокхолм.

Нашиот најпознат епидемиолог, професорот д-р Драган Даниловски, денес на својот профил на социјалните мрежи, јавно се извини, бидејќи употребил фраза која според него е несоодветна и некого можеби повредила.

Тоја на својот профил на социјалните мрежи напиша:

-Јавно извинување! На 22 декември, во организација на непрофитната организација „Кантарот Мк“, во живо се емитуваше панел-дискусија на тема „КОВИД:

Две години подоцна“. Јас и тројца мои колеги се обидувавме да ја отсликаме состојбата со КОВИД-19 кај нас. Зборувавме еден по друг и се трудевме, секој од свој агол и искуство, колку е можно попрецизно, да ја доловиме големата слика на пандемијата кај нас и во светот, со сите направени грешки и пропусти.

Обидувајќи се сликовито да го опишам индолентниот однос на Лекарската комора, сосема несвесен што изговарам – употребив несреќна споредба – изустив дека таа „се однесува како да е аутистична“.

Ми се случи недопустлив превид. Сосем неумесно, а во жарот на настојувањето попластично да објаснам кои се причините поради кои потфрливме во справувањето со пандемијата, употребив тежок збор кој на многумина им предизвика болка, немир, peволт, гнев.

Немам зборови да го искажам моето длабоко жалење! Не можам да најдам ниту зборови на оправдување за тешкиот пропуст! Затоа што оправдување нема! Штетата е направена, нема назад!

Сакам јавно да им се извинам на членовите на 3дpужението зa поддршка и третман нa лица co aутистичен спектар и атипичен paзвoj „Во мojoт cвeт”, како и на сите семејства што се почувствувале повредени, револтирани, гневни заради тој несреќно избран збор.

Немав намера да навредам некого, ниту, пак, свесно ја направив неумесната аналогија.

Навистина ми е многу жал, простете ми што не сакајќи ги повредив вашите чувства.

Проф. д-р Драган Даниловски

Previous articleЈорданка: Народ кога гласаше за Данела, гласаше за да дојде ВМРО и сите директори на Шилегов да ги нема
Next articleВМРО-ДПМНЕ: Жугиќ е реномиран актер со награди – има добиено и Златна Бубамара во 2009 година