Home News Прв случај на Омикрон кај нас, детектиран е во болницата Жан Митрев,...

Прв случај на Омикрон кај нас, детектиран е во болницата Жан Митрев, човекот дошол од Англија

Состојбата со корона вирусот кај нас е стабилна. Со недели наназад се одржува таканаречено плато, во кое дневните дијагностицирани позитивни случаи се движат на околу 10 проценти од тестираните.

Последниот пациент третиран поради ковид компликации утринава ја напушти болничката соба во Кожно. Од понеделник по целосната дезинфекција сите Интерни клиники продолжуваат со нормалното работење.

Бројот на хоспитализирани во земјата е драстично намален а нема голем број и на новодијагностицирани.

Дали ова е затишје пред бура или и по празниците ќе има мирна епидемиолошка состојба и покрај опасноста со Омикрон, лекарите велат рано е да прогнозираат.

Зак аната е пред пред врата и речиси сите соседни земји регистрираа случаи со најзаразниот сој досега.

– Рано е да кажеме, ќе видиме како ќе се покаже Омикрон на Балканот. Сега за празниците ќе има голема раздвиженост меѓу граѓаните така да може да дојде и Омикрон. Но тогаш ќе правиме анализи, вели д-р Дејан Докиќ директор на Клиника за Пулмологија.

Од досегашните сознанија, Омикрон не предизвикува тешка клиничка слика, но многу повеќе и побрзо се пренесува од болен на здрав вели д-р Докиќ. Неговиот апел е за новогодишните и за божиќните празници и превентивните мерки да бидат на менито.

– Не е на одмет носење на заштитна маска. Исто така оние наши балкански навики за честитање да ги избегнуваме и да честитаме од дистанца, вели д-р Докиќ во својата денешна изјава за медиумите.

И додека кај нас здравствените власти се изјаснија дека нема потреба од рестрикции за празничниот период, во дел од земјите нема влез без негативен ПЦР и покрај вакциналниот статус, откажување на новогодишни прослави, носење по две маски во маркети.

Освен овие мерки сите апелираат и на имунизацијата, а дека невакцинираните се најпогодени покажуваат и анализите. Изминатите 4 месеци во земјата од 66.857 дијагностицирани со ковид дури 67 проценти биле без ниедна доза на вакцина.

Во истиот период 79 проценти од оние кои ја загубиле битката со вирусот не биле вакцинирани.

Министерството за здравство информира дека во Република Северна Македонија, денес е деректиран првиот случај на сојот Омикрон на вирусот SarsCoV2.

Секвенционирањето е направено во приватната болница Жан Митрев во Скопје, кај маж кој во земјава допатувал од Велика Британија.

Станува збор за реинфекција, односно пациентот во јануари 2021 година ја имал прележано болеста и тогаш бил асимптоматски.

По прележувањето на болеста, пациентот примил две дози од вакцината Фајзер.

По втор пат позитивен тест на Ковид 19 има од пред 2 дена, по што е потврдено дека е сојот Омикрон.

Во моментот пациентот има лесна клиничка слика и се лекува во изолација во својот дом.

Previous articleРанко „Буба Мара“ објави досега непозната информација за татко му – тој бил скокач со стап, атлетски рекордер во тоа време
Next articleОрце Гелевски, бившиот на Ирена Спасовска изгледа како дечко, еве што прави сега (ФОТО)