Home Live Се „пицна“ Јордан Митев, откако оздраве и се cпаcи, не е застанат...

Се „пицна“ Јордан Митев, откако оздраве и се cпаcи, не е застанат (ФОТО)

Нашиоот познат и признат фолк пејач Јордан Митев, во едно претходно интервју за Радар, откри какво е тој всушност и зборуваше за приватнјиот живот, поточно за неговата сопруга Славица.

– Во 2017-та правев свадба во Македонија, со сите адети. Мојата избраничка е Македонка, родена во Австралија.

Промените во животот се нормални и добро е да се случуваат,тоа значи дека човек живее и дека оди напред во животот.Секако дека наоѓам време за се .

Сега за сега, фала му на Бога , добро течат работите, а се надевам дека така и ќе остане. Кога објавив дека мојата избраничка е од Австралија,често ми го поставуваа прашањето дали сега ќе заминам таму.

Тоа е разбирливо, бидејќи знаеме каков е животот во Австралија, земја која спаѓа меѓу оние со највисок стандард во светот.

Но,знаете како, не е се само во стандардот. Животот не е само во тоа колкава плата земаш, каква кола возиш… Животот и среќата се многу многу повеќе од материјалното! И јас, како и повеќето во Македонија, сум бил често пати разочаран од многу работи овде.

Но, на крајот од краишатата, ова е моја земја, овде е се што имам . Јас ја сакам мојата татковина со сите недостатоци бидејќи овде е мојот корен,стебло и гранки.Можеби така размислувам бидејќи не сум научен на некојси раскош и луксуз.

Пораснав во многу многу скромни услови,знам што значи да си некаде на дното и затоа сега со се што имам сум среќен и задоволен.

Меѓу другото , мојата кариера се движи по добар пат и се надевам дека така ќе остане уште многу години.Затоа , јас со мојата сопруга останувам овде. За среќа , таа има разбирање и се надевам така ќе остане“, рее Јордан.

-Во хороскоп сум лав, а лавот со сите свои позитивни и негативни страни е знак кој е многу искрен, емотивен и знае да сака.

Од една страна многу јак , но од друга многу слаб. Тој мој лавовски сензибилитет може да се почувствува и во мојата музика. Јас песните не ги пишувам и не ги пеам истресени како од ракав туку во секоја песна влевам емоција и ставам свој печат.

Доколку емоцијата не е доволно јака и искрена, песната нема мотор кој ќе ја движи. Би ја издвоил песната “Ајде сите на нозе”.Таа песна ја пеев 2011 година на Прилепскиот фолк фест .

Се сеќавам дека во понеделник се вратив од настап во Европа, а во петок требаше да настапам на фестивалот.На само пет дена пред фолк фестот, јас уште немав ниту напишано а камоли снимено песна за фестивалот.

Последен ден за предавање на песните беше четврток. Во вторник цел ден размислував. Си реков на себеси дека морам да направам нешто со што ќе ја кренам публиката и ќе ја “запалам” салата.

И така се роди првата мисла. Пак сум со вас вечерва да ви запеам,радоста и тагата да ја опеам,сите што сте дојдени ве поздравувам и со чаша крената ви наздравувам! Ајде сега станете”…. песната ја напишав и веднаш знаев дека е хит“, додаде Митев.

– Фала му на Бога сега сум подобар и се надевам дека така ќе остане. Кога последен пат давав интервју за ,,Фокус” бев влезен во болничките ходници од кои што мислев дека тешко ќе излезам и дали ќе излезам.

Пред отприлика една година, ми беше дијагностициран еден од опасните канц ери и поради тоа морав итно да се оперирам.

После операцијата се правеа многу испитувања овде и надвор од Македонија и докторите утврдија дека станува збор за едно ретко автоимуно заболување.

Кога имаш две зл а, ќе го одбереш она помалото, иако и помалото не е мало и наивно, но фала му на Бога има решение, доколку постоперативно се потврдеше дијагнозата со која ме оперираа, тогаш ќе беше најопасното. Поминав низ еден многу тежок и мрачен период кој траеше неколку месеци.

Тоа се тешки моменти, како за самиот човек, така и за неговото најблиско опкружување и не го посакувам тоа ниту на непријателот“, изјави Митев кој сега е добар со здравјето.

Митев објави слика на Фејсбук, дотеран, спастрен, во супер форма. Откако е добар со здравето на радост на сите негови обожаватели, тој не е застанат, со бастапи, со ангажмани, се за весел и задоволен народ.

Previous articleКеба се расплака за Северина- Нејзиниот син секогаш ќе ми недостига, го сакам како мој
Next articleСузана Манчиќ откри што планирала со Харис Џиновиќ, ама ја биeл малep