Home Live Илина Арсова вчера се искапи во охридското езеро во (ФОТО)

Илина Арсова вчера се искапи во охридското езеро во (ФОТО)

Илина Арсова е позната македонска алпинистка, која со успех го заврши исклучителниот алпинистички подвиг „Седум врвови“, искачувајќи се на сите седум највисоки врвови на седумте континенти, и стана првата Македонка која успеа да ја комплетира оваа листа.

Но, тоа не е нејзиниот единствен успех – таа листа е многу подолга и се протега во разни сфери од животот – таа е дипломиран ликовен уметник (во класата на Рубенс Корубин и Јован Шумковски), магистер по јазици (Филолошки факултет „Блаже Конески“).

Таа е магистер по бизнис и меѓународна трговија (Универзитет Орлеан, Франција), дипломиран туристички работник (Факултет за туризам Охрид), туристички водич, ски-инструктор, планинарски спасител…“, објави Слободен печат.

– Би рекла тоа е комбинација од повеќе спортови, вештини и практични искуства. На пример во совладување на стрмен терен на голема височина, планинарот, алпинистот, се организира во експедициска група каде задачите се делат во тимот.

Секој член треба да биде психофизички подготвен за поминување на таков терен и да биде изложен на екстремни температури и ризик.

Треба да владее техники за качување карпа и мраз, работа со јажиња и извлекување од глечер, укажување на прва помош за себеси, партнерот или опремата, но да има познаваања и од метерологија, геоморфологија, топографија и ориентација.

Со секој искачен врв се повеќе се згрозувам од насоката во која се движи човештвото особено во урбаните средини со наметнат прекумерен конзумеризам.

Се воодушевувам на едноставноста на животот на локалното население кое живее во пазувите на планините како и оние рурални средини кај нас, каде вистинските вредности се уште се донекаде зачувани“, рече Илина за Слободен печат.

Секојпат сум среќна кога сум на планина, иако тоа не е синоним на „пријатно“. Секојпат е студено и напорно, но токму тоа ме потхранува во мисијата за поместување на сопствените граници.

Сепак ако треба да издвојам чувството беше незаборавно на Еверест, Денали и на Антарктикот, а и планината Ама Даблам, која ми е една од омилените, но и вулканите во јужна Америка, …, всушност ги има многу …“, рече Илина за Слободен печат.

– Моите социјални мрежи секогаш биле отворени и транспарентно го прикажувале мојот креативен, професионален, па и приватен живот. Тоа е одраз на мојата личност, без многу тајни.

Немало што да кријам, бидејќи освен повремено прекршување на 7-мата Божја заповед (Не прави прељуба, з.н.), други гревови речиси и да немало или барем јас така чувствувам.

Фотографиите кои очигледно побудија толкав интерес во јавноста се најчесто фотографирани околу 5,30 часот наутро, додека уживаме во зраците на изгрејсонцето, без шминки и фотошоп, со бушави коси, но со искрена насмевка и сјај во очите.

Му посакувам секому толку пријатно и возвишено да се чувствува, дури и во својата навидум неугледна надворешност“, рече за Женски магазин Илина.

Илина е навикната на стдуот по планините па не и пречи ниту студената вода, а ова го докажа со новото видео кое го објави на нејзиниот Инстаграм профил од охридското ееро, каде што времето било сончево.

Но, и покрај тоа што времето е сончево, условите се зимски, а Илина нема гајле, па влезе во водите на охридското езеро, и тоа по танга.

„25 декември, рече Илина пред да влезе во вода и доби многу позитивни коментари од своите пријатели кои и честитаа и за овој подвиг.

Previous articleСрѓан: Во возот до Битола можеш да дипломираш, магистрираш, а ако си од факултетот на Мерко и да докторираш
Next articleЕве во што Здравко Чолиќ ги вложил милионите, избрал бизнис што се исплати