Home News Марјан Забрчанец објасни каков бил неговиот однос со Боки 13: Ги отфрлам...

Марјан Забрчанец објасни каков бил неговиот однос со Боки 13: Ги отфрлам како неточни тврдењата на ВМРО

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски: вчера на прес меѓу другото, го праша советникот во Вчадата за медиуми, Марјан Забрчанец, да одговори дали на дневна основа бил во комуникација со Боки, дали му давал насоки и линкови што да објавува.

Денес Марјан Забрчанец му одговори на ВМРО-ДПМНЕ, каков бил неговиот однос со Бојан Јовановски:

„Ги отфрлам како целосно неточни, лажни и манипулативни наводите изнесени на прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ за наводно управување или контролирање новинари или медиуми.

Како одговорен за комуникации и односи со јавноста во Владата имам обврска да бидам во дневен контакт со новинари, медиумски работници, уредници и одговорни лица во медиумите.

Тоа е суштината на професијата односи со јавноста. Со лицето Бојан Јовановски, сум комуницирал исклучиво службено и професионално, информирајќи го за активностите на Владата и одговарајќи на барањата на медиумот што го раководеше за интервјуа со премиерот Заев и со други претставници на Владата.

Жално е што ВМРО-ДПМНЕ станува мегафон на Боки 13 и што не направиле ниту една промена кај себе кога е во прашање односот кон медиумите.

Политиката на режимско угнетување на новинарите и медиумските работници заврши на 1 јуни 2017 година, со изборот на тогашната нова Влада.

Медиумските работници секогаш ќе ја имаат мојата поддршка и поддршката од оваа Влада да не дозволат никогаш повеќе манипулациите и газењето врз нивните права да станат доминантна појава во медиумските политики.

Северна Македонија во изминатите четири години има сериозен напредок по прашањата на медиумските слободи, бројот на критички и независни медиуми е во постојан пораст, слободата на изразување е гарантирана, не постои никаков владино-политички притисок врз медиумите, а критиката од граѓаните и новинарите е секојдневна, гласна и препознаена.

Слободата на медиумите е наше освоено секојдневие, а ВМРО-ДПМНЕ токму од тоа најмногу се плаши, за што говори односот на нивните градоначалници кон медиумите и нивното секојдневно бегство од соочувања со новинарските прашања.

Нивниот начин на комуникација со медиумите беше наc илно, бp утално тол чење и политички прогон за оние кои не успеваа да ги купат. Никогаш повеќе.“

Previous articleДимитар Ковачевски кажа што планира да прави со и во партијата, на која неодамна стана лидер
Next articleСрѓан: Во возот до Битола можеш да дипломираш, магистрираш, а ако си од факултетот на Мерко и да докторираш