Home News Се огласија од Жан Митрев клиниката со детали за првиот случај на...

Се огласија од Жан Митрев клиниката со детали за првиот случај на 0миkpон кај нас

Вчера директорот на Пулмологија и координатор на скопските клиники Дејан Докиќ, рече дека е рано да се каже како ќе се покаже Омикрон на Балканот.

-Сега за празниците ќе има голема раздвиженост меѓу граѓаните така да може да дојде и Омикрон. Но тогаш ќе правиме анализи, вели д-р Дејан Докиќ директор на Клиника за Пулмологија.

Од досегашните сознанија, Омикрон не предизвикува тешка клиничка слика, но многу повеќе и побрзо се пренесува од болен на здрав вели д-р Докиќ.

Неговиот апел е за новогодишните и за божиќните празници и превентивните мерки да бидат на менито.

– Не е на одмет носење на заштитна маска. Исто така оние наши балкански навики за честитање да ги избегнуваме и да честитаме од дистанца, вели д-р Докиќ во својата денешна изјава за медиумите.

И додека кај нас здравствените власти се изјаснија дека нема потреба од рестрикции за празничниот период, во дел од земјите нема влез без негативен ПЦР и покрај вакциналниот статус, откажување на новогодишни прослави…

Освен овие мерки сите апелираат и на имунизацијата, а дека невакцинираните се најпогодени покажуваат и анализите. Изминатите 4 месеци во земјата од 66.857 дијагностицирани со ковид дури 67 проценти биле без ниедна доза на вакцина.

Во истиот период 79 проценти од оние кои ја загубиле битката со вирусот не биле вакцинирани.

Министерството за здравство информира дека во Република Северна Македонија, денес е деректиран првиот случај на сојот Омикрон на вирусот SarsCoV2.

Секвенционирањето е направено во приватната болница Жан Митрев во Скопје, кај маж кој во земјава допатувал од Велика Британија.

Од болницата, на својот профил на социјалните мрежи, излегоа со детали за случајот:

„Потврдено присуство на ОМИКРОН СОЈОТ во Македонија. Денеска во лабораторијата за генетика и персонализирана медицина при Жан Митрев клиниката во Скопје, кај пациент позитивен на COVID-19 идентификувано е присуството на VOC: B.1.1.529 сојот, познат како омикрон.

Се работи за пациент кој неодамна се вратил од Лондон. Според податоците кои ги добивме од него, тој претходно во јануари 2021 година бил позитивен на вирусот, по што примил две дози од вакцината Фајзер.

Во моментот покажува лесна клиничка слика и се лекува во изолација во својот дом.

Уште од самиот почеток на пандемијата, на сите позитивни примероци сомнителни за друг сој различен од доминантниот во лабораторијата се спроведува понатамошно секвенционирање и утврдување на конкретниот сој.

Согласно овие протоколи на работа, токму во нашата лабораторија за првпат беше секвенциониран првиот променет вухански сој со мутацијата D614G, потоа на почетокот на годинава за прв пат во државава беше детектиран и британскиот (алфа) сој, а во јуни и делта сојот..

Како и до сега, лабораторијата продолжува да биде посветена на заштитата на јавното здравје и да придонесува за соодветно справување со пандемијата, при тоа известувајќи ги навремено сите надлежни институции, како што е Министерството за здравство.“

Previous articleТрифун Костовски: Го слушав Пендаровски, мислам дека треба да се укине ваквиот начин на обраќање
Next articleДимитар Ковачевски кажа што планира да прави со и во партијата, на која неодамна стана лидер