Home News Трифун Костовски: Го слушав Пендаровски, мислам дека треба да се укине ваквиот...

Трифун Костовски: Го слушав Пендаровски, мислам дека треба да се укине ваквиот начин на обраќање

Трифун Костовски со свој коментар на годишното обраќање на претседателот Пендаровски:

-Обраќање на Претседателот Стево Пендаровски во Собранието на РМ

Со големо внимание го анализирав говорот на Претседателот Пендаровски во Собранието, истовремено ги анализирав и ставовите на Левица и ВМРО-ДПМНЕ и доаѓам до следниот заклучок: Настапот на Претседателот Пендаровски беше блед и неискрен.

Површно ги опфати сите сфери од нашето секојдневие, и во ниту една сфера не покажа авторитет да вистински укаже на аномалиите кои ние, граѓаните ги чувствуваме.

Претседателот по функција има задача да биде татко на сите граѓани во РМ и така да се однесува. За жал тоа не се случува и настапот, верувајте ми го доживеав како обичен разговор на селска чешма со соседите и пријателите без никаков заклучок.

Не побара одговорност за сторителите за сите злосторства кои се прават секој ден во РМ. Не ја спомена економијата која е основа на севкупниот општествен развој..

Најчудно ми е дека се обраќа со пиетет кон Премиерот кој веќе е заминат од функцијата и кој што е директниот виновник за се она што денес ни се случува нам во РМ.

Почувствував потреба да и мојот Претседател му одговори на Претседателот Радев, актуелен Претседател на Р. Бугарија со достоинствен одговор во кој што ќе ја потврди нашата Македонска посебност.

Ронење солзи за неговиот проект Македонија 2030 година или за загинатите граѓани во пожарот на модуларната болница во Тетово и загинатите во автобуската несреќа во Бугарија се фарса. Одговорност не побара за овие настани.

Не може да ни се случуваат вакви морбидни настани, а да немаме виновници.

Мој личен став е дека годишното обраќање на Претседателот треба да се укине или по потреба да се свикува кога има суштинска потреба од негово појавување, поврзано со Македонија, пред народните избраници и целокупната Македонска јавност.

На овој начин уште повеќе ја влошува политичката состојба со отворено заземање страна кон СДСМ.

Ме чуди неговиот несериозен однос кон политичкиот хаос кој во моментов го живееме во Македонија.

Претседателот треба да биде прв кој треба да бара предвремени парламентарни избори, а не како во случајов да биде соучесник на собраниската берза за купување и продавање на пратеници и каде ќе го довери мандатот не на тој кој народот го сака, туку на неговите блиски партиски поддржувачи.

Нам ни треба Претседател со висок морал, авторитет и кредибилитет. Како татко на сите граѓани на РМ, бидејќи е избран на непосредни избори директно од граѓаните на РМ својот отчет треба да го даде на граѓаните, а не на своите партиски истомисленици.

Примерот со покојниот прв Претседател на РМ Глигоров треба да биде светилник како треба да се обраќа кон народот.

Му беше одземено правото да се обрати од Собраниската говорница и го употреби својот кабинет, не да се додворува до политичките партии, туку да се обрати до нас, граѓаните од кои и суштински ја црпеше својата моќ.

Previous articleЈасминка од Ракотинци: Сабота како ден не можам да ја смислам – девер ми и јатрва ми се без осет
Next articleСе огласија од Жан Митрев клиниката со детали за првиот случај на 0миkpон кај нас