Home Live Даниела Темелковска: Фустанче ли е, блуза ли е, пократко никогаш не облекла...

Даниела Темелковска: Фустанче ли е, блуза ли е, пократко никогаш не облекла (ФОТО)

Како што е познато за љубоители на фолк музиката, на вистинските мераклии, по пауза поради панедмијата сега на Сител ТВ повтпрно де емитува емисијата Мерак меана, во која пеат познати и популарни наши фолк пејачи.

-Нова сезона и нови мераклиски дружби. Со голема радост продолжуваат мерак песните од Мераклиите. Меѓу нив сите оние кои на вистински начин уживаат и се радуваат на песната и дружбата.

– Сузана Гавазова, Влатко Миладиновски, Јованка Житарова, Даце Николовски, Ибуш Ибраимовски, Далибор Гошик, Сани, Душко Георгиевски, Кате Брезева и Соната, Миле Кузмановски, Благица Павловска, Перо Христов, Кате Танева – Нели ти реков…„“, објави Сктел неодамна.

Потоа Спасен Силјановски, Даниела Темелковска, Дамјан Стојановски, Нино Величковски, Бојана Атанасовска, Ферус Мустафов, Благица Калева, Петар Нечовски, Стојне Николова, Интервали, Ирена Вељовска, Сања Ристеска, Елена Велевска, Ирена Спасовска и уште многу други мерак пејачи и инструменталисти кои ќе направат вашето викенд поладне да биде со игра и песна.

Главни на Мерак Меана сцената се Скопските Боеми и главниот мерак мајстор Трајче Мајка“, напиша Сител за својот весел проект. На овој начин, на својот Фејсбук профил, емисијата која беше во новогодишно руво беше најавена.

Драги мераклии, влеговме во последниот викенд од оваа година! Да се веселиме заедно и со радост да ја испратиме оваа година и да ја чекаме новата, која, се надеваме, ќе ни’ донесе 2022 пати подобро здравје и непрестајна радост!!! Се гледаме во 16:30 пред малите екрани! Ајде мераклии, само весело!!!!“

Како што е познато меѓу многуте пејачи, во емисијата редовно настапува и Даниела Темелковска, која дефинитивно е една од нашите најзгодни и најатрактивни пејачки на фолк естрадата.

Во една прилика, Вечер објави дека Даниела својата форма ја одржува со тоа што вози точак, а таа со слики на велосипед се пофалила на социјалните мрежи поред своите пријатели и обожаватели.

-Не се жалам, само нестрпливо чекам да се вратат времињата кога бев многу активна на музичката сцена, кога дома доаѓав само да распакувам и спакувам куфери за некои следни настапи и во Македонија и во странство.

Оваа подолга пауза мене добри ми дојде да се одморам, да уживам во природата и во возење точак кое за мене е покрај пливањето најздрава спортска дисциплина“, изјавила Даниела за Вечер за време на пандемијата.

Даниела е сега повторно активна и турбо настапува, а за сите настапи своите обожаватели ги известува на социјалните мрежи, за да можат да дојдат да ја гледата и да уживаат во нејзиниот глас и стас.

Така уживаа и гледачите на ТВ Сител, во Мерак меана, каде што Даниелче се појави во фустан кој е толку краток што повеќе личи на блуза. Таа замеша и запеа на своите колеги и колешки: Татијана Стефановска, Ирена Спасовсска…

Ја пееше нејзината песна која е со наслов Нема правила, која е снимена пред повеќе години, а за Даниела скоја чест таа своето тело гордо си го покажува, што би се рекло, се има- се може.

Previous articleПетре Шилегов кој се пожали на загаден воздух доби жесток одговор од Данела
Next articleПеро Камиказа: Не ти кажа Бранко? Во денешно време токму од таквите сите патиме, од нивното самобедисано незнаење