Home News Кекеновски: Во отсуство на ,,Крал”, во нашата држава се намножиле пиони, лауфери,...

Кекеновски: Во отсуство на ,,Крал”, во нашата држава се намножиле пиони, лауфери, топови и коњи, па дури и магариња, магарици и млади прлиња

Статус на Јове Кекеновски: Врз основа на содржината на отвореното писмо на Боки Тредичи упатено до Зоран Заев (секако со доза на резерва кон сето напишано)

како и врз основа на моите сознанија од секојдневната моја лична комуникација и сопственото здраворазмуно логицирање, недвосмислено можам да заклучам дека на многумина во оваа држава не им дошол умот, туку напротив бајаги им отишол посебно откако дошле на власт.

Во отсуство на ,,Крал” се намножиле пиони, лауфери, топови и коњи, па дури и магариња, магарици и млади прлиња.

По кој знае кој пат потврдени се моите досегашни безбројни констатации дека:

Во оваа наша држава не се знае кој кого местел, кој кого ,,еб * вал и подеб * вал”, кој кому му служел, кој е поголем арамија, а кој поголем пе * ер или ку * ва.

Политичарите (посебно оние од највисок ранг) краделе и крадат и сушат од лажење и мамење,

Лигавите партиски послушници и служители си останале и понатаму измеќари и амали на туѓиот срам,

Судиите и обвинителите се на исто ниво на ранг со амалите на туѓиот срам, лакомите бизнисмени за грст пари и г * з давале и даваат,

Кој стигнал и кој можел рекетирал и профитирал – рекетот станал дејност бр. 1 во државава,

Само во Македонија политичарите и бизнисмените криминалци се субвенционирани од страна на обвинителството, судството и останатиот државен апарат,

Нема кој дебело не се омрсил и обеc честил додека бил на власт (се разбира и неговите најблиски) иако голем број од нив биле обесчестени уште од детство (така се родени и воспитани) – со чест на исклучоци кои останале до крај чесни и достоинствени.

Само во Македонија е можно преку ноќ од неуспешен сдсмовец да се сториш успешен вмровец и обратно,

Само во Македонија е можно додека си на власт со ар амилак да станеш милтимилионер, потоа демек малку да си ,,полежиш”, a притоа жолчно и од петни жили да те бранат познати новинари и јавни личности (кои преку нок станале адвокати на ,,ѓа волот”).

Само во Македонија личното достоинство, образ, чесност и знаење немаат цена.

Ваква травестија, перверзија, пе де pаcтија, лицемерие, нечестие, арамилак имало и има само во наша жална Македонија.“

Previous articleПроф. Даниловски со смирувачки вести за новиот сој: Не е ниту 500, ниту 70 пати позаpaзен
Next articleТамара Јованов: Работата треба да ти овозможи да живееш, а не обратно, да живееш за да работиш