Home Live Марија: Празниците ќе ги поминат со богата трпеза, со многу пари, друга...

Марија: Празниците ќе ги поминат со богата трпеза, со многу пари, друга група не може ништо да си дозволи

Писателката и уметник Марија Лозаноска која му е сестра на пејачот Влатко Лозаноски често пишува интересни статуси кои се сподлелуваат и за нив се дискутира на социјалните мрежи. Еден ид нив е овој:

-Душевните состојби како депр есија и анкси озност постоеле отсекогаш, само немале отсекогаш име. Не се именувале, се избегнувале, се велело ‘ништо не ти е’, ‘мрзлив/а си’, ‘смири се, што ќе речат комшиите’.

Не се ова модерни бол ести, туку сега знаеме како се викаат, брзо до нас стигнуваат лошите вести, лажните вредности и несоодветните споредби.

Најпрво треба разбирање. Не сме му во душата и мислите на другиот. Пред да се искоментира јавно, макар и в лице, треба прво да се размисли.

Да, јавните личности најмногу се на мета на навреди, лин чувања и слично затоа што тие ни се пред сите нас и најчесто мислиме дека нашиот коментар нема да стигне до нив и дека нема да го прочитаат. Ама го читаат.

И го слушаат. И ги боли. Ниту тие што не се занимаваат со јавна работа не се одминати од црните мисли на помодерното време. Сметам дека апсолутно секој ги има, но одредени се поподготвени.

Како да земеме превентива? Само со работа на себе и избегнување на лица покрај кои се чувствуваме лошо, невредно, уништено. Читање, слушање, барање помош. Господ гледа. Ќе ја прати помошта.

Само да си го исчистиме срцето од омразата за да не го храниме лошото. Што ќе наводнуваш, тоа ќе расте. Не им верувај на мислите. Вредиш“, пишува Лозаноска, а во својот нов статус, таа зборува на доста актуелна тема:

-Веќе сме во екот на новогодишните празници, тие пред и после. Сите си посакуваме сè најубаво и тоа е сосема пристојна желба. Но, постои голема група на луѓе кои не се вбројуваат во празничната група.

Од многу причини. Кога одредени набројуваат што сè постигнале во старата година, ги има тие кои сметаат дека ништо не постигнале и се чувствуваат подолно.

Ги има оние кои слават предновогодишно со своите колеги додека од друга страна голем е бројот на невработени и нема со кого тоа да го направат.

Една група се радуваат за празниците дека ќе ги поминат богато, со голем број на свои луѓе, со богата трпеза, со совршени фотографии, со одвојување на многу пари за сето тоа.

Друга група не може ништо да си дозволи. И повторно се чувствува невредно.

Ајде да кажеме зошто секој треба да биде вреден на празниците кои знаат да придонесат депресија кај народот.

Прослави за своите грешки во старата година. Прослави за сите падови. За погрешните личности. За неуспесите. За своето и здравјето на блиските.

За надежта. За љубовта што ја носиш. Што секогаш одвојуваш добар збор. Што си човек во секоја ситуација. Ова е голем успех, вредиш. Не може сè да се слика. Не секој успех мора да е убав. Успех е и падот.

Ти покажа колку си силен. Тоа со пари не се купува. Не мора ни за празник. Заблагодари се. Помина многу. Вредиш како и сите други. Прослави на свој начин“, вели Лозаноска во својот статус.

Previous articleПеро Камиказа: Не ти кажа Бранко? Во денешно време токму од таквите сите патиме, од нивното самобедисано незнаење
Next articleТимчо Муцунски до граѓаните на Аеродром: Нема да назначам за директор човек за кој имаше многу поплаки