Home News Петре Шилегов кој се пожали на загаден воздух доби жесток одговор од...

Петре Шилегов кој се пожали на загаден воздух доби жесток одговор од Данела

Во радот Скопје веќе неколку има високо ниво на загаденост, деновине се излегува надвор, велат граѓаните. Во воздухот повторно има високи концентрации на опасни честички.

Проблемот како и секоја зима, остана и оваа, без никакво решение.

Денес Скопје е трет град по загаденост во светот, веднаш по Лахор во Пакистан и Делхи во Индија. Ваквата ситуација трае со денови, но не ги алармира ниту зелените, ниту пак тие што претставуваат зелени агенди цела година.

Од скопските општини најлош е воздухот во Карпош, Центар, Лисиче и Гази Баба каде загадувањето достигнува над 400 ПМ 10 честички.

Аерозагадувањето не само што само по себе претставува голема опасност, туку и според лекарите, дополнително го олеснува патот на вирусите до белите дробови.

Поранешниот градоначалник на град Скопје Петре Шилегов, на својот Фејсбук профил се пожали на загаден воздух во главниот град, објавувајќи висок резултат на една од мерните апликации по полноќ.

Шилегов го објави резултатот на една од мерните станици што покажуваше енормно зголемување на загадениот воздух во Скопје и напиша „go green…“.

Скопје синоќа се вбројуваше во првите десет најзагадени градови во светот, според сервисот „iqair“.

Со индекс на квалитет на воздух 181, главниот град е шести на листата на загадени градови. Апликацијата „мој воздух“ покажа високи вредности на загаденост во сите делови на Скопје.

Град Скопје, со кој сега раководи градоначалничка Данела Арсовска вели дека нејзиниот претходник Петре Шилегов нема право да се жали на загадениот воздух, откако тој синоќа реагираше на социјалните мрежи.

-Во најмал случај срамно е Петре Шилегов, човекот кој четири години не презема ниту една системска мерка за справување со загадениот воздух, проблем кој директно влијае на здравјето на граѓаните, сега преку објави на Фејсбук да се жали за состојбата во која тој го доведе Скопје.

Петре Шилегов четири години имаше шанса да стори нешто на ова поле, но наместо решенија Скопје е ден од најзагадените градови во светот. Човекот кој за мерка ги сметаше временските прилики и дали ветерот ќе го исчисти воздухот, не би смеело воопшто да си дозволи да зборува на оваа тема.

Градот Скопје конечно презема системски и конкретни мерки за справување со еден од најголемите проблеми на граѓаните, загадениот воздух. За разлика од претходните години кога на ова поле не беше преземено речиси ништо, новата градска администрација овој горлив проблем за скопјани го стави како еден од најголемите приоритети.

Токму поради тоа, уште на стартот на мандатот на градоначалничката Данела Арсовска се започна со интензивно чистење на дивите депонии, каде што се согоруваше опасен отпад и шут, кој влијае врз загадувањето на воздухот. За прв пат неселективно се изрекуваат драконски казни за загрозување на животот и здравјето на граѓаните.

Во моментов се работи на целисходно системско решение од повеќе комплементарни мерки за обезбедување на повисок квалитет на живот и почист воздух, нешто што во изминатите години не беше случај и тоа резултира на континуирано загаден воздух во Скопје, пишува во соопштението од Град Скопје.

Previous articleНејзин колега раскажа: Најпознатата Балканска фолкерка Цеца Ражнатовиќ прима, но и дава бакшиш
Next articleДаниела Темелковска: Фустанче ли е, блуза ли е, пократко никогаш не облекла (ФОТО)