Home News Тимчо Муцунски до граѓаните на Аеродром: Нема да назначам за директор човек...

Тимчо Муцунски до граѓаните на Аеродром: Нема да назначам за директор човек за кој имаше многу поплаки

Тимчо Муцунски вечерва на својот профил на социјалните мрежи, им се обрати на жителите на Аеродром:

„Почитувани сограѓани, Би сакал да ве информирам дека со цел заштита и одржување на угледот на основното училиште „Лазо Ангеловски“ нема да го именувам за директор предложениот кандидат на училишниот одбор кој е Директор на кој му завршува мандатот. Истовремено, побарав и негово итно разрешување иако мандатот за брзо му завршува.

Причините се правни, но и етички и морални. За актуелниот директор во заминување во изминатите години имаше огромен број поплаки, како од родители на ученици, така и од наставниот кадар на училиштето. Состојбите во училиштето беа повод и за сериозна грижа на општата јавност.

За оваа моја одлука го информирав и Министерството за образование и наука и доколку тие не одлучат да ја преиначат мојата одлука, во најбрз рок во училиштето ќе именуваме в.д. Директор од редот на вработените.

Во иднина нема да дозволам несоодветни кадри да бидат поставувани на високи позиции, особено кога станува збор за образовни институции.

Ветувам дека ќе ја вратиме позитивната слика и довербата во сето она што е под наша надлежност и повеќе нема да има случувања кои предизвикуваат штета на образовниот процес, а со самото тоа и на нашите најмили.

Нема да поддржам и назначам лице, кое со своето однесување ќе предизвика бурни реакции во јавноста, а и ќе нанесе непоправлива штета на училиштето во кое со децении наназад работат врвни професионалци.

Јас како градоначалник заедно со општинските служби ги преземавме сите неопходни мерки за што побрзо решавање на овој случај и го повикавме Државниот просветен инспекторат најитно да постапи во делот на разрешувањето, за што побрзо да можеме низ транспарентен и отворен процес да се избере нов директор.

Учениците се нашата иднина и најголемо богатство! Ние возрасните сме тие што мора да ги заштитиме и да се грижиме за безбедно образование на нашите деца!“

Previous articleМарија: Празниците ќе ги поминат со богата трпеза, со многу пари, друга група не може ништо да си дозволи
Next articleДанела послужи пржена риба за претстојниот Бадник и кршеше лепче со Дац и Александар (ФОТО)