Home Live Алачки и Ирена се шминкаат, Баже Грујовски слика, ама и Татјана Стојановска...

Алачки и Ирена се шминкаат, Баже Грујовски слика, ама и Татјана Стојановска ги лајкна (ФОТО)

Адријана Алачки го има прошетано целиот свет, како дел од нејзината истражувачка мисија- да ја запознае секоја традиционална култура и секоја традиционална кујна.

Авторката на емисијата „Вкусот на традицијата“ и претседател на здружението „Гастромак“ ги спои двата свои ангжамани за да патува низ народот насекаде и да осознава за нивните традиции.

Една од нејзините приказни е како ги запознала домородците во Бразил, кои најголелите слатки специјалитети ги прават од скапана банана.

Потоа, таа раскажала и родното место на Аборџините, и за моментот кога забележала колку нивниот ритам е сличен со нашиот, но и кујната.

Алачки прозборе и за својот најголем страв, а тоа е стравот од ле тање, иако во 2019 година, имала вкупно 39 лета. Овој страв, Адријана го надминува со јога и со медитација.

– „Мислам дека нема човек којшто не се плаши од летање барем малку. А стравот од летање е мојот единствен страв. За мене велат дека сум најсмирениот човек на светот, а во тоа ми помагаат токму јогата и медитацијата“, изјави Адријана за Женски магазин.

Со помош на техниките на медитација, еден долг лет мене ми поминува како за час и само на тој начн го надминувам стравот“, откри Адријана. Таа сега е окупирана со емисијата Везилка, која ја води заедно со Ирена Спировска, и сио Благоја Грујовски.

-Проектот ВЕЗИЛКА, телевизија АЛФА планираше да го започне уште минатата есен но поради пандемијата беше ставен во мирување.

Свесни бевме дека во ТВ етерот недостига емисија од тој тип и сакавме на гледачите да им понудиме квалитетна музичко-фолклорно шоу кое ќе ги промовира убавините и традиционалните вредности на Македонија, но моравме да чекаме погоден момент за тоа.

Во јуни почнавме со подготовките и во јули започнавме со емитување на емисијата во неделен термин со почеток од 12часот.

ВЕЗИЛКА за многу кратко време стана популарна и стекна одличен рејтинг, па уште во првиот месец од нејзиното емитување успеа да стане најгледаната емисија не само на АЛФА туку воопшто во ТВ етерот што потврдува дека не згрешивме што го започнавме проектот во летниот период додека најчесто сите одмораат“, рече Ирена.

За неа и за колегите, оваа година било работно и напорно, но како што вели таа, екипата на ВЕЗИЛКА работи со голем ентузијазам и посветеност, а кога се работи со љубов ништо не е тешко.

Алачки објави нова слика од тоа како се снима новогодишното издание на емисијата Везилка.

На сликата, таа и нејзината колешка Ирена Спировска изгледаат супер, ама и Баже Грујовски кој слика во огледало.

На сликата, Ирена и Адријана се шминкаат, а Благоја како единствен џентлмен, ги слика. Оваа фотографија доби многу лајкови, а еден од нив бил и од Татјана Стојановска, нашата позната презентерка.

Татјана е инаку поранешна сопруга на Благоја Грујовски, со која и денес има коректи односи и секој е посветен на својата нова партнерска врска.

Previous articleКаролина со емотивна порака за мајка си, објави слика со неа и со сестрата, која од која поубава (ФОТО)
Next articleБлагица Павловска се пакува за на плажа, еве на која егзотична дестинација сака да се сонча (ФОТО)