Home Live Благица Павловска се пакува за на плажа, еве на која егзотична дестинација...

Благица Павловска се пакува за на плажа, еве на која егзотична дестинација сака да се сонча (ФОТО)

Фолкерката Благица Павловска, долги години опстојува на музичката сцена, а поради ситуацијата со вирусот, како и други музичари, така и таа остана без настапи.

Според животната филозофија на Благица, многу е важно за секој човек како созреал и каков пристап има кон нештата. Има луѓе, вели фолк-ѕвездата, што се плашат од мравка и од сето она што не е човек.

Благица себеси сe смета за цврста личност и за неа, оние луѓе кои имаат плашлив дух, секогаш ќе имаат проблеми.

„Човек што зад себе има големо искуство и не ги гледа работите со страв, треба да биде сигурен во себеси, и во тоа дека ништо нема појако од него самиот, изјави неодмна во едно интервју и додаде:

Ние се калиме на многу искушенија, се калиме од непријателските дејствија кои нè стрелаат од некоја причина. Јас вирусот го сметам како еден вид таков вирус, што е испратен“, раскажа пејачката во една прилика.

За време на карантинот, додека сите нејзини настапи и настапите на нејзините колеги беа откажани, таа поголемиот дел од времето го поминала дома со својот миленик. Благица е голем љубител на животни и помага секогаш кога може на бездомните животни, затоа што тоа ја прави среќна.

Периодот на изолација поради ситуацијата со вирусот Ко вид-19, познатата пејачка го помина во својот дом. Убаво се одмори и заврши бројни обврски по дома, но секако дека не ја запостави и музиката.

Легендарната фолк пејачка во неодамнешно интервју за ИН ТВ раскажува како за неа поминал периодот на изолација. Таа вели дека ѝ одговарало да биде дома, бидејќи си завршила бројни домашни обврски.

Имав дома во Скопје повеќе некои обврски, нешто реновирав со оглед на ситуацијата дека бевме приморани да сме повеќе дома.

Мене ми одговараше да бидам затоа што си завршив многу нешта што сакав околу куќата.-истакна Павловска за гледачите на ИН ТВ.

-Јас се чувствувам одлично и спремна сум за понатаму. Се чувствувам како да почнувам повторно од почеток нешто и мислам дека ќе има успех.

Иако знам некогаш да паузирам, да се повлечам и слично, меѓутоа не спијам секако имам многу песни што треба да ги работам.

Благица Павловска беше гостинка во едно издание на „Бекстејџ“ и даде корисни совети како да се спречи пандемијата. Според неа, сите луѓе треба да имаат што помалку контакти со што помалку партнери.

Благица под ова мисли на интимни контакти. „Што помалку контакти со различни партнери, затоа што тоа може да донесе голем подем на пандемија. Затоа што никој за никого не може да гарантира.

Благица на нејзиниот Фејсбук профил објави фотографија од понуда за Малдициве и напиша: Сакам и јас на Малдиви!

Благица е позната како упорна личност па нема да не зачуди ако навистина си ја оствари оваа желба и ако замине на оиваа егзотична дестонација, па да се пофали со слика од плажа на бел песок како ужива во коктели.

Previous articleАлачки и Ирена се шминкаат, Баже Грујовски слика, ама и Татјана Стојановска ги лајкна (ФОТО)
Next articleДимитар Ковачевски е нов мандатар за состав на нова Влада – тој пред малку ја објави одлуката на ЦО