Home News Димитар Ковачевски е нов мандатар за состав на нова Влада – тој...

Димитар Ковачевски е нов мандатар за состав на нова Влада – тој пред малку ја објави одлуката на ЦО

Вечерва се одржува Централниот Одбор на СДСМ, каде се бираат нови членови на партиските органи, како и се утврдува кандидат за мандатар на идната Влада.

Директорката на УЈП, Сања Лукаревска, порано во денот рече дека обединувачкиот момент е тој кој ќе биде главниот предзнак на овој состанок на ЦО на СДСМ..

Таа изјави дека во новиот избор на Централниот одбор на СДСМ ќе има различни луѓе од општеството, добро познати на јавноста.

Лукаревска додаде дека ќе се формира посебно тело кое ќе се занимава со креирањата на нови политики, ставови и анализи.

Поранешниот градоначалник на Град Скопје Петре Шилегов како што дознава ТВ21, на ЦО се пожалил пред партиските органи дека загубата на Град Скопје била сосема неочекувана и се случила токму поради разединувањето на партијата.

Новиот лидер на партијата Димитар Ковачевски пак пред партиските тела како што дознаваме рекол дека новите предложени лица не доаѓаат за функциите, туку напротив тие се веќе реализирани луѓе кои само ќе донесат дополнителна сила и обединување во партијата.

Ковачевски повикал да не се случуваат фракции во партијата, бидејќи пред само еден месец разговарале за обединување, а единствен мотив на поранешниот лидер Зоран Заев бил да се врати партијата на власт.

Претходно ТВ21 објави дека Ковачевски повлече еден од десетината предлози за нови лица во партиските тела бидејќи бил на листата за советници на ЛДП за време на локалните избори, а тоа го дознал непосредно пред одржувањето на партиските тела.

-За мене е огромна чест и одговорност што денес од ЦО на СДСМ ја добив довербата да бидам мандатар на идната Влада!

Тоа е предизвик кој сум подготвен да го прифатам и посветено да работам за да ја оправдам довербата.

Продолжуваме со седницата на ЦО за избор на ново раководство, како и нови членови на Централен и Извршен одбор на СДСМ.

СДСМ ќе се реорганизира, ќе продолжи да се демократизира и модернизира.

Партијата е отворена за вклучување на нови луѓе кои ќе ги одликуваат знаењето, чесноста и посветеноста на социјалдемократските вредности. #Заедно, напиша пред малку Ковачевски на социјалните мрежи.

Previous articleБлагица Павловска се пакува за на плажа, еве на која егзотична дестинација сака да се сонча (ФОТО)
Next articleДоцна синоќа се огласи Димитар Ковачевски – кажа до кој датум очекува да ја состави новата Влада