Home News Доцна синоќа се огласи Димитар Ковачевски – кажа до кој датум очекува...

Доцна синоќа се огласи Димитар Ковачевски – кажа до кој датум очекува да ја состави новата Влада

Доцна синоќа, по завршувањето на седницата на ЦО, на својот профил на социјалните мрежѓи, се обрати лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

-Со големо задоволство информирам дека денес го избравме новото раководство на СДСМ, нови членови на Централниот одбор и нов Извршен одбор на партијата.

При изборот на нови членови на Извршниот одбор и за нови потпретседатели, се раководев од тоа во тимот да имаме искусни луѓе препознатливи по својот ангажман во СДСМ, но и млади луѓе кои во овој период се стекнаа со углед и искуство за обавување на такви должности.

Нови потпретседатели на партијата од денес се Перо Костадинов, Стефан Богоев, Бисера Костадинова Стојчевска и Фатмир Битиќи кој и досега беше на оваа позиција продолжува во уште еден мандат.

Нов генерален секретар партијата е Миле Зечевиќ, а нов организациски секретар е Вангел Андрески.

Во ИО на СДСМ од денес се: Ана Данева Маркова, Мишко Ралев, Нина Фити Неделковска, Снежана Захариева, Даниела Колева, Милена Стефановиќ, Костадин Костадинов, Рената Јајоска, Мелиса Ценовска Серафимовска, Петре Шилегов, Дритан Исмаили, Тања Томиќ, Дарко Каевски, Андреј Петров, Ивона Кузмановиќ, Костадин Ацевски и Никола Рилак.

На сите избрани им го честитам изборот и верувам дека ќе го дадат својот максимум во реализација на програмата и целите на партијата.

Истовремено, на досегашнот генерален секретар, организационен секретар, на сите членови на Извршниот одбор и на досегашните потпретседатели им изразувам искрена благодарност за нивниот досегашен придонес и работа. Сите нив и натаму ги сметам за дел од нашиот тим со кој имаме обврска да реализираме многу одговорни задачи.

Во периодот кој следи СДСМ ќе се менува и унапредува во секој сегмент од своето работење и делување.

СДСМ ќе се реорганизира, ќе продолжи да се демократизира и да создава и поддржува нови кадри. Да се потпира и вклучува луѓе кои ќе ги одликуваат знаењето, чесноста и посветеноста на социјалдемократките вредности.

Најавувам активирање на централниот систем на комисии на СДСМ. Тие претставуваат сериозен механизам за отварање на партијата кон многу професионалци од различни области и сегменти на општеството и за нивно стручно ангажирање.

Најавувам и воспоставување на Совет за креирање и имплементација на политики. Овој совет како помошно тело за поддршка на Претседателот на СДСМ и органите на Партијата, кое треба да ги интегрира и мобилизира целиот човечки капитал во и надвор од партијата.

Ова советодавно тело ќе креира политики и стратегии, но и ќе ја следи и забрзува имплементацијата и реалзиацијата на проектите.

Започнуваме процес на целосно отфрлање на внатрепартискиот клиентелизам. Ова е предизвик на кој СДСМ сериозно ќе работи и ќе биде предводник во отфрлање на клиентелизмот во секој сегмент од општественото работење.

Одлики на новото раководство ќе бидат: Одговорност, ефикасност во спроведување на ветеното, чесно работење и отчетност. Со личен пример да покажеме што значи правна држава, а не само со реформи и нови закони.

Во периодот кој следи суштински го менуваме курсот во делот на комуникација со граѓаните и членството. СДСМ е партија која мора да биде многу поприсутна меѓу граѓаните. Секој функционер, секој партиски активист ќе биде присутен меѓу оние кои му ја дале довербата.

Ќе го вратиме чувството за правда и правичност во општеството. Сите да станеме почувствителни на појавите на корупција на сите нивоа и остро да реагираме на нив.

Мора да бидеме симбол на промените кои ги бараат од нас граѓаните, а со тоа да привлекуваме, а не да одбиваме. Да обединуваме околу напредокот, правичноста и одговорноста кон секој човек во општеството. Ова е СДСМ кое сите сакаат да го видат и ваков СДСМ ќе изградиме.

СДСМ започнува ново поглавје во својата историја. Имаме нов тим, сила и енергија за да одговориме на сите предизвици. Очеквањата се големи и одговорноста е голема.

Но, со посветена и одговорна работа, со чесно и отчентно работење верувам дека ќе ги оправдаме очекувањата и дека ќе успееме да изградиме силна, економски стабилна и сигурна земја, напиша Димитар Ковачевски.

Тој на обраќањето по завршувањето на ЦО, на новинарско прешање, одговори дека очекува во средината од следниот месец, поточно до 18 јануари да ја состави новата Влада.

Previous articleДимитар Ковачевски е нов мандатар за состав на нова Влада – тој пред малку ја објави одлуката на ЦО
Next articleНа изненадување на многумина, синоќа Град Скопје со кој раководи Данела Арсовска, објави дека од вчера е бесплатен јавниот превоз во Скопје