Home News Филипче денес одговори на прашање дали ќе има мерки или карантин: Не...

Филипче денес одговори на прашање дали ќе има мерки или карантин: Не може за секој нов сој да воведуваме рестрикции

Филипче денеска ја посети Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во Чаир, каде е пуштен во употреба целосно реновиран Ургентен центар, за кој рече дека е направен по сите европски стандарди.

Реновирањето е инвестиција на Министерството за здравство, Агенцијата ТИКА, Фондацијата „Проект Коп“ и „Алма-М“. Со тоа, рече Филипче, болницата е целосно гасифицирана и за цел степен е зголем степенот на квалитет во интензивната нега, како и во грижата за бебињата.

Значајно го зголемивме степенот на квалитет на услугите за здравствена заштита во болницата за ГАК во Чаир. Околу 4000 бебиња кои годишно се раѓаат во оваа болница, вклучувајќи ги и мајките родилки, сега ќе добиваат современа, унапредена грижа во деновите кога истата им е најпотребна.

Со сите инвестиции во обнова на просториите и операционите сали, набавка на современа опрема и едукација на здравствените работници, постигнавме многу значајни резултати и процентот на преживување на предвремено родените бебиња во изминатата година значајно се зголеми,

односно смp тноста во 2016 година која беше 25%, сега е 8,9%. Искрено се надевам дека ќе продолжи по овој систем, да се инвестира таму кадешто е најпотребно, здравствената заштита треба најмногу да се унапредува онаму каде се децата.

Му честитам на директорот на болницата целиот персонал за одличното менаџирање, посветеноста на работата и грижата за пациентите, напиша Филипче на својот профил на социјалните мрежи.

Министерот Филипче во оваа прилика проговори и околу новиот сој од корона вирусот, Омикрон, кој по појавувањето во Јужна Африка минатиот месец, се рашири насекаде, а многу земји спроведоа превентивни мерки.

-Прилично е стабилна епидемиолошката состојба со ковид-19 во земјава и лично сметам дека ниту поради сојот омикрон ниту поради кој друг нов сој треба да се воведуваат дополнителни рестрикции, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче.

На 24 декември беше детектиран прв случај на сојот омикрон во земјава, и засега останува единствен.

Филипче вели дека следната недела ќе се прави нова група тестови за секвенционирање на вирусот, но дека засега нема знаци за влошување на ситуцијата..

Во земјава има 4.832 активни болни од ковид-19, а министерот додава дека се испразнети голем број од Ковид-центрите и Инфективните одделенија.

„Сметам дека сите земји треба да научат да живеат со оштите превентивни правила и да се зголемува степенот на вакцинација против ковид-19. Не можеме за секој еден сој да воведуваме мерки.

Сметам дека тоа што се бара задолжителна вакцинација, мерките што важат да не се преполнуваат затворените простории, како и мерките за патување се сосема доволни“, кажа Филипче.

Previous articleПознатата фолк ѕвезда немаше скршен динар, му се појави на Саша Поповиќ облечена во фармерки на врата и му побара помош
Next article„Знаеш ли ти кој сум јас, ќе леташ од работа“, Д-р Нико Беќаровски проговори со што се соочува на дежурство