Home News Илија Димовски бара од новото раководство на СДСМ да одговори на овие...

Илија Димовски бара од новото раководство на СДСМ да одговори на овие 15 прашања

Денес се очекува новиот претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски, да го предложи и новото раководтсво на партијата, потпретседатели, генерален секретар…

Поранешниот пратеник и поранешен висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, од новото раководство на СДСМ, побара да одговорат на следните 15 прашања:

„ДИМНА ЗАВЕСА… После веќе извесното заокружување на процесите на трансфер на функции во СДСМ, таа партија треба да одговори на следните прашања:

1. Дали се согласува со досегашната политика спрема соседна Бугарија?

2. Дали се согласува со политиката на дестимулација на странски директни инвестиции?

3. Дали ќе превземе чекори за намалување на државниот апарат? (кој за четири години е зголемен за скоро 30.000)…

4. Дали ќе се извини за наc илниот процес на промена на Уставот и уставното име во Собранието на Република Македонија?

5. Дали ќе ја продолжи праксата на политички реваншистички судски случаи?

6. Дали ќе ја одложи примената на законот за зголемување на даноците?

7. Дали ќе ги врати законските одредби за поголема контрола на јавните набавки?

8. Дали ќе влезе во сериозна во јна со на pkо каp телите низ Македонија?

9. Дали планира промена на политиката во правец на зголемување на капиталните расходи од Буџетот на Република Македонија, кои ги десеткуваа овие години?

10. Дали ќе се извини за “реформите во образованието” на Мила Царовска?

11. Дали ќе поведе иницијатива за утврдување на одговорност во случаите тетовска болница и Беса-травел?

12. Дали некој ќе сноси одговорност за скоро дупло намаленото производство на електрична енергија во државните енергетски капацитети?

13. Дали ќе го спроведат ветувањето за една изборна единица?

14. Дали некој ќе сноси одговорност за запрената градба на Клинички центар во Скопје и Клиничка болница во Штип?

15. Дали ќе продолжи праксата на “европско знаме” за криминални закони во Собранието на Република Македонија?

Без адекватни одговори на овие 15 прашања и на ним слични, запрете ги рекламните настапи за “нови лица” и “нови политики”, бидејќи ќе остане само суp0вата реалност дека оваа промена во СДСМ ќе е димна завеса за затскривање на кат астp0фите кои СДСМ ги направи во минатите скоро 5 години…#

Previous articleМе остави затоа што ослабев, за подебела од мене- Ана не може да си поверува зошто добила „корпа“ од сопругот
Next articleГлавниот актер на Тома морал да направи неверојатна трансформација за да ја добие улогата, едвај успеал