Home Live Каролина со емотивна порака за мајка си, објави слика со неа и...

Каролина со емотивна порака за мајка си, објави слика со неа и со сестрата, која од која поубава (ФОТО)

Каролина Гочева ретко зборува за својот приватен живот и за својот карактер и во едно интервју за Фемина таа одговори на прашањето кој е најдобриот совет што го добила во животот и од кого?

– Не сум многу послушна кога се совети од други во прашање, подобра сум кога давам совети. Но, еден од ретките совети кои сум ги послушала и настојувам да ги применам е секогаш да си ја следам интуицијата“, рече Каролина.

Потоа, за истиот портал ја прашаа: Кои се најапсурдните гласини кои си ги чула за себе?

– Искрено, што поради природата на мојата професија, што поради поднебјето каде живееме, толку многу глупости сум се изнаслушала, така што веќе воопшто и не ги регистрирам, ниту ги памтам, а искрено повеќе не ме ни вознемируваат.

Понатаму, нашата пејалка ѕвезда ги откри петте факти кои никој не ги знае за неа, а таа инаку рече дека се повеќе од пет и ги наброја следниве информации кои ретко кој ги знае за неа: „Повеќе од 5 се, секако, но еве ги првите 5 кои ми паѓаат на памет:

– Правам најдобри три врсти на шпагети. Знам многу добро да имитирам (но само во кругот на најблиските и кога сум добро расположена).

Многу зборувам додека гледам филмови, а тоа ги нервира тие кои со мене гледаат во моментот.

Најмногу сакам да јадам навечер, особено ако сум излегла во град, тоа ми е најслаткото јадење.

Правам најдобри 3 врсти на шпагети, ама стварно се најдобри! И не можам да се сетам на 5-ти факт“, одговори таа.

– Омиленото место за живеење е кај што ти се луѓето што ги сакаш. Мене сите ми се овде, во Битола и Скопје и што ако одам да живеам на некоја светска дестинација ако овде ги оставам семејството и пријателите. Доволно ми е вака да патувам и да се вратам дома кај што некој ме чека.

Постојано учиме лекции за животот, речиси секојдневно. Некогаш се разочаруваме, некогаш пријатно се изненадуваме, за жал, почеста е првава ситуација.

Единствено нешто кое секогаш ми се повторува е дека никогаш, ништо не е онака како што од надвор изгледа. Не постои комплетна среќа.

Дури и да помислиш на моменти дека така се чувствуваш, веднаш доаѓа нешто непланирано да те разувери“, изјави Каролина во интервју за Хибрид.

Во Женски магазин, таа прокоментира зошто се немаше огласено за време на пандемијата.

– Не се огласив затоа што сум свесна дека условите за наше нормално функционирање беа речиси невозможни. Велам беа, затоа што сега веќе почна да ми се враќа надежта дека наскоро ќе може да застанеме пред публика, без страв.

Инаку, изминативе години (пред пандемијата) работев поприлично, имав многу концерти и различни настапи, соработував како заштитно лице на некои од најуспешните наши и странски брендови, па годинава и добро ми дојде непланирана пауза.

Но, секако ова беше еден многу тежок период за нашата бранша и се надевам дека нема да се повтори.“

Каролина на својот Инстаграм профил објавуи видео во кое вели дека крајот на оваа година ќе го обележи со ново пријателство. Станува збор за козметички производ- бренд чие заштино лице ќе биде напата убава пејачка.

Но, пред тоа, Каролина објави слика со мајка си и со сестра си, и тоа на нејзината свадба со уметникот Михаил Корубин од 2017 година.

На сликата се и нејзините внуки, а поводот да се објави оваа фотографија со трите убавици од семејеството е роденденот на мајката на Каролина.

Под сликата, Каролина напиша: Среќен роденден на најважната жена во нашиот живот!

Те сакаме најмногу мамо! Секогаш да си ни насмеана како на сликава“, стои во описот на оваа слика на која не се знае која од која е поубава.

Previous articleДојди кај мене без маска да си поминеме добро за Нова година – на кого се обраќа Лиде Лиде во својата најнова песна
Next articleАлачки и Ирена се шминкаат, Баже Грујовски слика, ама и Татјана Стојановска ги лајкна (ФОТО)