Home Live Сопругата на Бранко Ѓорчев, Гордана, откако го загуби сопругот, па мајката, изгледа...

Сопругата на Бранко Ѓорчев, Гордана, откако го загуби сопругот, па мајката, изгледа одлично, еве што ѝ дава сила да стои гордо и исправено (ФОТО)

Бранко Ѓорчев е еден од нашите најпознати и најпочитувани актери. Тој е роден на 24 јуни 1962 година во Неготино.

Дипломирал во 1986 година на Факултет за драмски уметности на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје, во класата на Проф. Вукан Диневски.

Од 1987 година работел како глумец во Драмски театар Скопје. Си замина по тешка борба со канце -рот на 24 февруари во 2013 во Скопје. Во тој момент, тој беше директор на Драмски театар Скопје.

Неговата Гордана зборуваше за загубата на својот сопруг во едно интервју.

Познатата ТВ презенетрка од Македонската радио телевизија, Гордана Ѓорчева, сопругата на упокоениот актер Бранко Ѓорчев, немала лесен животен пат. Кога имала само 19 години го загубила својот татко во сообраќајна несреќа. Втор огромен шо -к во нејзиниот живот беше загубата на сопругот, актерот Бранко Ѓорчев.

– Да, буквално ме ск-рши неговото заминување и мислам дека дури сега полека почнувам да си доаѓам на себе. Поминав и сè уште поминувам низ многу тежок период, и емотивно и благодарејќи на балканскиот менталитет и среброљубието на неговите најблиски. Но, не сакам да се навраќам на тоа ни во мислите.

На оваа тема скоро и да не зборувам. Создадов некој одбранбен механизам и не сакам да чепкам таму кај што боли. Знаете, сфатив дека болката е само моја и никој тука не може да ми помогне, освен самата јас.

На моите 19 години го изгубив мојот татко и некако се навикнав да се борам низ животот. Ова беше мојот втор огромен шо -к кој многу, многу тешко го поднесувам.

Постојано се молам, Господ да ни даде само здравје и на мене и на моето дете. Се борев како лавица за животот на Бранко. Направив сè што беше во моја моќ. Две години буквално спиев во болници и овде и во странство и мојата совест е комплетно чиста. А, најважно од сè е човек мирно да спие.

Во најтешкото бев сосема сама. Зарем мислите дека постои пријателство? Бранко беше исклучително благороден човек кој им помагаше на сите. Но, кога дојде време него да му се помогне, сите буквално се разбегаа, како да беше заразна неговата болест.

Неговите и мои најдобри другари Дејан Пројковски и неговата сопруга Билјана Драгичевиќ Пројковска се единствените личности кои беа со нас во најтешките мигови.

Тие се единствените кои ги доживувам како брат и сестра, на кои можам да им заѕвонам среде ноќ, да долетаат без да прашаат што треба.

Многу е неблагодарно и тажно кога ќе сретнам негови некогаш блиски пријатели кои ја вртат главата настрана кога ќе ме пресретнат.

Но, навистина многу работи повеќе не ме допираат. Си велам, тие сме што сме. Ова е Македонија, полна е со зл-оба, за жал“, зборуваше Ѓорчева во Женски магазин.

-Бранко беше мојата сродна душа. Тој беше човекот што го сакав повеќе од себе. Бранко беше човекот кој ме чуваше како капка на неговата дланка, човекот кој секој слободен миг сакаше да го помине во заеднички прошетки, заеднички викенди, заедничко кафе кое задолжително го пиевме на улица Македонија, човекот кој не знаеше да се налути за ништо, човек со огромно срце.

Својата ќерка Луција, таа ја родила на само 21 година. „ Во првите години буквално не се знаеше која е мајката, а кое е детето. Но, од денешен аспект сум пресреќна што имам возрасна ќерка, која ми е вистинска другарка. Успеавме да создадеме пријателски однос и не постои тема на која не би можеле да разговараме.

На 24 февруари годинава, Гордана загуби уште една своја драга и важна личност, нејзината мајка. Таа си замина на истиот ден кога и нејзиниот сопруг: Мамичке моја, зар мораше во ист ден со Бранко. Неможно е, неможно е. Не можам да прифатам“, напиша презентерката на Фејсбук.

По загубата на мајката, која своите последни мигови ги поминала во дом за стари лица, Ѓорчева постави лута објава која се однесува на условите во државните домови за стари лица кај нас.

И по сите непријатни работи кои животот ѝ ги донесе, денес таа ужива во семејните моменти исполнети со среќата која ѝ ја донесе нејзината ќерка Луција, со раѓањето на внукот Вања во август минатата година.

– Моето девојче стана мајка. Беше упорна, силна и одлучна по природен пат да ја почувствува слатката бо-лка на мајчинството. Оваа ноќ го добив најскапоцениот дијамант. Мојата среќа луција ми донесе уште поголема среќа. Луција, Александар и Вања се семејство. Ви благодарам златни деца, ти благодарам Господе- напиша тогаш таа на својот профил на Фејсбук.

Неодамна, Слободен печат за Ѓорчева напиша дека е една од нашите најдобро облечени жени на трелевизија и ја пофали дека изгледа како што треба да изгледа една презентерка.

Таа навистина внимава на својот изглед, и по сите животни препреки кои и се случиле изгледа одлично и самоуверено кога и да се појави на ТВ. Насмевката на нејзиноото лице сигурно дека ја измамуваат внукот и ќерката, но и пријателите.

Previous articleИрена Спасовска пука во тесен фустан со гол грб, па кога замеша… (ФОТО)
Next articleПознатата фолк ѕвезда немаше скршен динар, му се појави на Саша Поповиќ облечена во фармерки на врата и му побара помош