Home News Уште еден функционер од општина Карпош, кандидат за потпретседател на СДСМ

Уште еден функционер од општина Карпош, кандидат за потпретседател на СДСМ

Телевизија Телма од високи партиски извори, вчера информираше дека СДСМ денес на централниот одбор на партијата ќе го промовира новиот Совет за креирање и имплементација на политики кој ќе го предводи Игор Ивановски.

Игор Ивановски е поранешен висок партиски функционер на партијата, универзитетски професор на скопскиот Економски факултет по професија, со неколку мандати како пратеник. Беше дел и од претседателскиот кабинет на Бранко Црвенковски.

Игор Ивановски е дел од таканареченото скопско крило на партијата, а од Скопје треба да биде избран и еден од 4-те потпретседатели на СДСМ. Според извори на Телма, ова место се уште не е пополнето, а има 4 кандидати.

Останатите тројца потпретседатели на партијата извесно би требало да бидат економскиот вицепремиер Фатмир Битиќи кој единствен од старата гарнитура останува потпретседател во партијата.

Нови потпретседатели на партијата би требало да бидат Петар Костадинов, градоначалникот на Валандово, кој оствари победа на претстојните локални избори и е еден од ретките градоначалници на СДСМ кој го задржа градоначалничкото место.

Потпретседател на партијата треба да биде пратеничката од Битола Бисера Костадиновска Стојчевска, која при гласањето за кризните корона мерки дојде во скафандер да гласа иако беше болна од Ковид 19, пренесува Телма.

Денес новинарите од свои партиски извори објавуваат уште едно име кандидат за потпретседател на партијата. Тоа е поранешниот градоначалник на општина Карпош, Стефан Богоев.

Богоев во минатото беше и претседател на младината на СДСМ и ќе биде предложен за четврти потпретседател на партијата, дознава Фокус.

Како што велат високи партиски извори во пресрет на вечерашната седница на Централниот одбор, ваква одлука донел новиот партиски лидер Димитар Ковачевски, откако веќе претходно е одлучено другите 3 потпретседателски места да ги зазематФатмир Битиќи, Перо Костадинови Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Според извори на Фокус, изборот паднал врз Богоев, и покрај тоа што имало дилеми дали во највисокото партиско раководство можеби ќе има премногу луѓе од Карпош, имајќи во предвид дека од оваа општина доаѓа партискиот лидер Ковачевски, новиот генерален секретар Миле Зечевиќ, како и новите членови на Извршниот одбор – Андреј Петрови Леонид Наков.

Упатените посочуваат дека при изборот на потпретседатели се земале во предвид неколку аспекти, кои налагаат потпретседателите да бидат од различни региони и да се носители на различни функции.

Во таа насока, Богоев е избран како човек од Скопје, градоначалникот на Валандово Костадинов доаѓа од југоисточниот регион, а пратеничката Костадиновска-Стојчевска доаѓа од југозападниот регион, односно од Битола.

Previous article„Знаеш ли ти кој сум јас, ќе леташ од работа“, Д-р Нико Беќаровски проговори со што се соочува на дежурство
Next articleОставив жена и мало дете и заминав во рудник во Норвешка, газдата овде ме третираше како потрошен материјал