Home Live Биба Додева се прости од драга личност: Летај високо драга Ани

Биба Додева се прости од драга личност: Летај високо драга Ани

– За секој вистински пејач е предизвик да пее со ревијален оркестар, и тоа е едно непроценливо искуство“, рече Биба Додева во една прилика за Република, кога победи на фестивалот Макфест и зема парична награда.

– Мојот прв јавен настап во 1998 година на „Скопскиот фестивал“ беше придружуван од ваков оркестар и навистина ми е мило што повторно имав можност да настапувам со сите музичари што беа на сцената.

Промената во однос на временскиот период и мене ме изненади, но, сепак, тоа се работи и пропозиции што ги одлучува некој друг, а наше е дали ќе учествуваме и ќе ги прифатиме тие работи или не.

Јас сум пејач што преферира да пее со музичка група, така што оваа промена многу ми се допадна.

А, што се однесува до наградите, само ќе кажам дека, секако, се дополнителна мотивација за што повеќе композитори да се вклучат во фестивалот, иако ми е мило што имаше и такви со кои сме учествувале на македонските фестивали и кога наградата била само направена од дрво.

Откако ќе го платам персоналниот данок од 11 проценти, остануваат 17.800 евра кои, секако, не ми припаѓаат целосно мене, ама, во секој случај, веќе почнувам да правам планови како ќе ги потрошам.

Јас сум позната по тоа дека знам да се сопнам среде сцена, на рамно (се смее). Мајка ми дури често се шегува со мене дека треба да ми месат од оние колачиња што се месат за бебиња кога проодуваат за да не ми се случува тоа веќе.

Сепак, имав добри АБС сопирачки на потпетиците, па добро се снајдов на крај. Инаку, не верувам јас во суеверија, верувам дека секогаш има причина зошто се случуваат некои работи.

Многу сум среќна што успеавме, заедно со целиот тим во „Борка“ да бидеме иницијатори во менување и подигање на свесноста на граѓаните за оваа бол ест, на институциите за потребата од промени во здравствениот систем,

сѐ со цел пациентот да е во центарот на здравствениот систем, воведување опортунистички програми за скенирање и разбивање на табуто од ра кот како болест и стереотипите кои постоеја за нашите граѓани.

Но, свесни сме дека имаме уште многу, многу работа за да биде така како што ние сметаме дека пациентите заслужуваат бидејќи здравјето не треба да биде ексклузивитет за никого.

И затоа оној момент кога ќе го постигнам тоа, ќе бидам вистински горда“, изјави Биба во Република, тогаш.

Години потоа, за жал таа ја загуби својата мајкакоја го напушти овој свет токму поради кан цер, а Биба често на Фејсбук знае да каже колку нејзината мајка ѝ недостасува. Таа има ќерка и внук, и за него исто така често зборува.

Биба Додева денеска на Фејсбук објави статус кој е посветен на личност која си заминала од овој свет.

Таа како претседател на задружението борка со своите членови се бори против кан-церот, а обајавата со која беше и посветена песна за нејзината пријателка вели:

– Во спомен на една прекрасна девојка која од денес не е веќе со нас… Летај високо драга Ани. Го мразам р ак от“, напиша нашата позната пејачка на Фејсбук.

Previous articleЗаигра танго со непознат маж- Калиопи денес слави, еве колку години наполни, никој не би ѝ ги дал, изгледа како девојче (ВИДЕО)
Next articleНие сме генерација која никогаш нема да се врати- емотивна и вистинита приказна