Home News Ковачевски откри дали разговарал со Бранко Црвенковски

Ковачевски откри дали разговарал со Бранко Црвенковски

-Во периодот кој следи СДСМ ќе се менува и унапредува во секој сегмент од своето работење и делување.

СДСМ ќе се реорганизира, ќе продолжи да се демократизира и да создава и поддржува нови кадри. Да се потпира и вклучува луѓе кои ќе ги одликуваат знаењето, чесноста и посветеноста на социјалдемократките вредности.

Најавувам активирање на централниот систем на комисии на СДСМ. Тие претставуваат сериозен механизам за отварање на партијата кон многу професионалци од различни области и сегменти на општеството и за нивно стручно ангажирање.

Најавувам и воспоставување на Совет за креирање и имплементација на политики. Овој совет како помошно тело за поддршка на Претседателот на СДСМ и органите на Партијата, кое треба да ги интегрира и мобилизира целиот човечки капитал во и надвор од партијата.

Ова советодавно тело ќе креира политики и стратегии, но и ќе ја следи и забрзува имплементацијата и реалзиацијата на проектите.

Започнуваме процес на целосно отфрлање на внатрепартискиот клиентелизам. Ова е предизвик на кој СДСМ сериозно ќе работи и ќе биде предводник во отфрлање на клиентелизмот во секој сегмент од општественото работење.

Одлики на новото раководство ќе бидат: Одговорност, ефикасност во спроведување на ветеното, чесно работење и отчетност. Со личен пример да покажеме што значи правна држава, а не само со реформи и нови закони.

Во периодот кој следи суштински го менуваме курсот во делот на комуникација со граѓаните и членството. СДСМ е партија која мора да биде многу поприсутна меѓу граѓаните. Секој функционер, секој партиски активист ќе биде присутен меѓу оние кои му ја дале довербата.

Ќе го вратиме чувството за правда и правичност во општеството. Сите да станеме почувствителни на појавите на корупција на сите нивоа и остро да реагираме на нив, рече меѓу другото Ковачевски синоќа, по конституирањето на неговиот тим.

Денес на Сител, Димитар Ковачевски информира дека ги видел обвинувањата на опозицијата, споредувајќи го него „како пиун на Заев“.

-Бев мета на напади уште од првиот ден. Сепак сакам да нагласам дека тимот што го одбравме вчера е целосно создаден од моја страна.

Јас сум човек со свој интегритет и визија. Што се однесува до владиниот кабинет, се уште не сум го составил. Од утре ќе имам разговори, по што ќе го направам изборот, рече Ковачевски.

Во однос на неговите први средби со лидерите на други земји, Ковачевски изјави дека со задоволство го очекува премиерот на Бугарија, Кирил Петков во посета на Македонија.

Со поранешниот претседател Бранко Црвенковски сум немал разговор во последниот период. Сите разговори со новото раководство ги водев сам.

Во партијата сум 30 години и со сите сум имал одлична соработка и искуство, вели новиот мандатар на Владата и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски, гостувајќи во Дневникот на ТВ Сител.

Previous articleАца Лукас пред да дојде во Скопје порача: У три лепе….
Next articleФилипче меѓу еден куп жени, насмеани и дотерани во мини фустани, има повод да се смее (ФОТО)