Home Live Кристина: Толку многу очекувавме од 2021, демек таа требаше да биде спaсот,...

Кристина: Толку многу очекувавме од 2021, демек таа требаше да биде спaсот, па е ноpмалнo што сме pазочаpaни

Покрај огромната љубов кон музиката, Кристина арнаудова вели дека периодов најголемиот дел од времето го посветува на нејзиното здружение „Проект Среќа“.

-„Проект Среќа“ е здружение за хумано-општествен развој, односно здружение кое се занимава со филантропски проекти, кои предизвикуваат среќа кај оние на кои им недостасува и од друга страна ги поттикнува компаниите и физичките лица да бидат општествено одговорни и да се вклучуваат постојано во среќата која ја создаваме заедно“, изјави Кристина за Црно бело.

Низ животот има разни нешта кои ме инспирирале и можеби ми ги отвориле очите во одреден момент. Она дека „здравјето е најважно“ дефинитивно не е само клише.

На помладата верзија од себеси би ѝ порачала да не се грижи толку, затоа што сè ќе биде во ред“, додаде нашата пејачка.

Ние работиме постојано, тоа е наше секојдневие, а помагање на лица што имаат потреба е нашата работа.

Секојдневно се делат пакети помош, храна, компјутери, таблети, лаптопи, училишни прибори, се бараат донатори што го овозможуваат сето тоа, градиме тоалети на семејства со деца што немаат или се во многу лоша состојба…

Имаме многу активности со „Проект среќа“. Иако оваа криза и нас нè погоди и нашата иднина станува неизвесна, сепак се надевам дека за доброто на стотици лица и огромен број деца, ќе успееме да преживееме во ова тешко време.

Сите наши активности, можете да ги следите на нашата фејсбук-страница „Проект среќа“.

– Kако и сите, се навикнавме. Дружењата и движењата ни се сведени на минимум, јас работам од дома, Максим учи од дома, Матео оди во градинка.

Нема одење по гости, другарчиња, пријатели , дружби, забави, родендени…

Сметам дека сите ние, ако се движиме само на местата што ни се неопходни и сè друго ставиме на пауза, вирусот нема вака да напаѓа и брзо ќе го снема.

Не разбирам зошто луѓето не можат да се воздржат одредено време од сè што е ризично однесување. На сите ни е мачно, разбирливо е тоа.

Но, ако сме воздржани и дисциплинирани, сево ова ќе трае пократко. Немаше потреба да дојде до овој степен“, рече Кристина во Слободен печат и ја коментираше нашата музичка сцена:

– Кај нас и во нормални услови тој сегмент е речиси мртов, последнава деценија. Нема шоу-програми, нема емисии, нема иницијативи, ретки се концертите, малку албуми, колегите музичари се трудат од петни жили да преживеат, да работат и да понудат нова музика.

Од друга страна, наидуваат на молк, на ѕид, на игнорирање. И во нормални услови работата е тешка, а во вакви услови да се најде ентузијазам и да се работи е речиси невозможно.

Во време на пандемија останатите земји пуштаат на нивните медиуми домашна музика, како би можеле музичарите да живеат барем од авторски права. Кај нас како е?

Знаете и сами. Никому не му е гајле. На медиумите не им паѓа ни на крај памет интензивно да пуштаат македонска музика.

Оправдувањето е дека нема музика, што не е точно. Веќе некое време не сум активен дел од естрадата, едноставно се посветив на хуманитарната работа и тоа стана центар на моите интереси. Но, жал ми е што состојбата станува сè полоша“. Арнаудова зборуваше и дека ја смирува јогата.

– Сè уште сум почетник, само неколку месеци како се поминати од мојата дружба со јогата, која ја вежбам секојдневно. Јогата ја проучував подолго време и се подготвував да започнам, ама не знам од која причина не почнував.

Тоа е вежба за мозокот, телото и духот, и е единствена таква дисциплина што не се фокусира примарно на мускулите и на силата, туку го третира човекот како целина. Отсекогаш им се восхитував на луѓето што ја практикуваат и им бев обожавателка.

Во овој период на стрес и неизвесност, таа ни е неопходна на сите за да можеме да го смириме духот и умот, кои мораме да признаеме, кај повеќето од нас се многу вознемирени – вели таа и додава дека порано вежбала во теретани, но сфатила дека тоа не е веќе за неа, односно дека на нејзиното тело не му треба само сила, туку и мир“, изјави таа.

Кристина Арнаудова објави статус во кој вели дека сите ние сме имале многу очекувања за 2021 година, а всушност очекувањата зависат само од нас. Во статусот, таа ја даде следната поента

Толку многу очекувавме од 2021 ( демек таа требаше да биде спасот) , па е нормално што сме разочарани…а не треба да бидеме. Не беше толку лоша реално. Ни даде на сите толку колку заслуживме, и колку се потрудивме.

Горе доле на сите…. Се е до нас и во нас. Најчесто прекасно го сфаќаме тоа. Сакам во 2022 повеќе да се потсетуваме дека се што бараме Е ВО НАС“, напиша таа.

Previous articleЌе кажам зошто никогаш нема да се мажам за наш човек: Писмо на девојка која живее во Австрија
Next articleНикола Роквиќ со тага раскажа во што наоѓа cпаc по загубата на татко му