Home Live Ние сме генерација која никогаш нема да се врати- емотивна и вистинита...

Ние сме генерација која никогаш нема да се врати- емотивна и вистинита приказна

Повеќето од луѓето денес, копнеат во некое старо, поубаво време, во кое се случувале убави работи кои ги нема во денеспно време и чувствуваат носталгија по минатото, а во една прилика „Кафе пауза“ објави текст за носталгијата.

– Доколку побараме значење на зборот носталгија, ќе прочитаме дека тоа претставува силна тага, жал, копнеж по напуштениот дом, родно место или татковина.

Причината зошто првичната дефиниција е поврзана со татковината лежи во тоа што овој феномен бил забележан првпат во 17-тиот век кај швајцарските вој ници кои служеле надвор од својата татковина.

Тоа го забележал студентот по медицина Јоханес Хофер и за оваа појава го задал поимот носталгија како комбинација од двата грчки збора: ностос (враќање дома) и алгос (бол ка или жал за минатото).

Деновиве на Фејсбук се споделува објава која зборува за минатото време и за тоа како се живеело порано:

НИЕ СМЕ ГЕНЕРАЦИЈА КОЈА НИКОГАШ НЕМА ДА СЕ ВРАТИ.

– Генерацијата која одеше и се враќаше од училиште пеш.

– Генерација која сама пишуваше домашна за што побрзо да излезе на улица да си игра.

– Генерација во која момчињата играа со џамлии, а девојчињата со ластичиња.

– Генерација која целото свое слободно време го поминуваше на улица.

– Генерација која играше криенка кога ќе се стемни.

– Генерација која правеше колачи од кал и талкаше по барата.

– Генерација која собираше салфетки.

– Генерација која сакаше лижавчиња со свирче и правеше гримаси кога среде лижавчето имаше кисел прашок.

– Генерација која со свои раце правеше хартиени синџири.

– Генерација која собираше слики и имаше лексикони и белешки.

– Генерација што го гледаше тато како го поправа телевизорот и му помагаше да ја прилагоди антената.

-Генерација која тивко се смееше пред спиење, за да не знаат родителите дека уште сме будни.

– Генерација која пиеше од истото шише и даваше залак од училишниот оброк.

– Генерација која доаѓаше кај пријател ненајавено со 10-тина деца во група.

– Генерација која секојдневно се среќаваше на одредено место без мобилен телефон.

– Генерација чиј авторитет беа родителите, и нивните и пријатели. -Генерација која ги поздравуваше сите минувачи, стануваше во автобус и им помагаше на постарите.

– Генерација која се качуваше на дрвја и тајно береше овошки што растеа во соседството.

– Генерација која се грижеше за чувствата, а не за парите или автомобилите.

– Генерација која преку својата сила научила да се носи во секое време и во какви било услови.

– Генерација со која повеќе не може да се манипулира..

– Генерација научена да ја сака својата земја..

– Генерација која читаше книги, покрај светилка под ќебе …

– Генерација која поминува и за жал никогаш нема да се врати !!
– Генерација која немаше ништо, но имаше сè !!!

Previous articleБиба Додева се прости од драга личност: Летај високо драга Ани
Next articleДомот на Чола, украсен каков во бајки, а ја пофали и жена му каква домаќинка е (ФОТО)