Home Live Никола Роквиќ со тага раскажа во што наоѓа cпаc по загубата на...

Никола Роквиќ со тага раскажа во што наоѓа cпаc по загубата на татко му

Откако поминаа 40 дена откако си замина големиот балкански пејач на севдалинки, Маринко Роквиќ, кој ја загуби борбата со ра кот на панкреасот. Имаше 68 години.

Неговиот син Никола Роквиќ, во интервју за еден српски магазин отворено зборуваше за борбата на Маринко со страшната болест, и тагата низ која семејството поминува откако Маринко не е повеќе меѓу нив. На прашањето како се чувствуваат за време на овој тажен период, Никола одговори:

„Откако Маринко го нема, чувствуваме многу помешани емоции, сеќавања… Моето семејство пред се’ чувствува љубов, што го имавме, за татко, сопруг, брат, дедо…

Бев присутен кога ми се раѓаа децата, и кога поч ина татко ми. Во тој миг се чувствува онаа безгранична љубов кон најблиските, која не ја забележувате дека ја имате низ животот“ – вели тој.

Тагата, празнината се само дел од емоциите кои го завија семејството, но гордоста што Маринко оставил многу зад себе, е силна и ги одржува во живот.

„Една година се боревме заедно со Маринко против бо леста и знаевме дека шансите да преживее се мали, но никогаш не изгубивме надеж. Неговата сила и здравиот начин на кој живееше, како и огромната желба за живот, ни даваше и нас сила.“

Синот додава дека Маринко бил од мало место и на само 14 години доаѓа во Белград и успешно почнува кариера, создава семејство, и секогаш бил храбар, заштитнички настроен кон семејството. „Верувам дека татко ми е сега на некое подобро место“, рекол Роквиќ.

Пејачот Никола Роквиќ, син на починатиот пејач Маринко Роквиќ на Инстаграм објави стара семејна фотографија со својот татко и мајката Славица. Маринко овој свет го напушти на 6 ноевмри на 68 годишна возраст по борба со панкреасот.

Кариерата ја започнал во 1974 година. Во својата богата кариера снимил 21 студиски албум и неколку сингл-плочи. Зад него останаа голем број хитови како: Скитница, Потражичу очу зелене, Поломио ветар гране, Да волим другу немогу, Једина моја, Три и једној…

Никола Роквиќ, кому оваа година му беше исклучително тешка поради загубата на татко му Маринко Роквиќ, се приклучи на една емисија и кажа од каде добил сила да продолжи понатаму веднаш по заминувањето на неговиот идол, а и примерот на многумина.

– Моментално сум дома, имам многу работа околу Нова година, тежок период е зад нас, а претстои уште потежок период. Го изгубив татко ми, но животот мора да продолжи. Полесно е кога си со луѓе – рече Никола, кој открива дека сила наоѓа во други работи.

-Сила наоѓам во љубовта кон татко ми, како и во се што направил и во се што постигнал. Имам верба дека е на подобро место – вели Никола.

Previous articleКристина: Толку многу очекувавме од 2021, демек таа требаше да биде спaсот, па е ноpмалнo што сме pазочаpaни
Next articleАца Лукас пред да дојде во Скопје порача: У три лепе….