Home News Трифун: Ме чуди расправијата меѓу Данела и Петре – во Скопје не...

Трифун: Ме чуди расправијата меѓу Данела и Петре – во Скопје не е загаден само воздухот, туку и водата и почвата

Секоја зима, скопјани се соочуваат со еден од најголемите проблеми, а тоа е загадувањето. Скопје зимно време се искачува на највисоките места на светската скала на градови со најголема загаденост.

Тоа е делумно поради местоположбата (котлина), но секако и уште многу други фактори. Поранешниот градоначалник на Скопје, Трифун Костовски, коментирајќи ја последната препирка меѓу актуелната градоначалничка Арсовска и поранешниот Шилегов, пишува:

„Загадување на воздухот. Ме зачудува меѓусебното обвинување помеѓу екс-градоначалникот на Град Скопје,

Господинот Шилегов и актуелната градоначалничка на Град Скопје госпоѓата Арсовска околу загадувањето на воздухот кој го дишеме ние Скопјаните.

Несериозен е ваквиот пристап меѓу екс и актуелниот градоначалник, кој повеќе го загадувал Градот Скопје.

Најчесно би било да седнат на кафе-муабет да го расчистат ова прашање, а не да не замајуваат нас, Скопјаните кој повеќе работел на овој проблем. Ние Скопјаните бараме чист воздух, чиста вода и чиста почва.

Господинот Шилегов, екс-градоначалник, ја испушти можноста да направи комплетна анализа од еминентни фирми кои се занимаваат со проблематика поврзана за чистиот воздух, чистата вода и чистата почва.

Предизвик е за госпоѓа Арсовска да размисли и преземе конкретни акции околу утврдувањето на вистинската дијагноза за загадениот воздух во Град Скопје, а јас би додал дека не само воздухот, во Скопје се загадена водата и почвата.

Мој заклучок е дека причините за ваквата загаденост на Град Скопје лежат токму во индустријализацијата на Градот Скопје почнувајќи уште во раните 50-ти години на минатиот век.

Скопје беше единствениот град не само во бившата СФРЈ, туку на целиот Балкански полуостров каде што беше лоцирана најпрљавата загадувачка индустрија, а тоа се црната металургија, обоената металургија, кожната индустрија, хемиската индустрија, цементната индустрија, стакларската и др.

Генезата на загадување на Град Скопје е многу подлабока, отколку што ја коментираат актуелните две политички партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

Без точна дијагноза за севкупната загаденост на Град Скопје не треба да се преземаат никакви чекори, бидејќи тоа ќе бидат изгубени време и пари.“

Previous articleНовинарот Гоце Михајловски проговори околу „Бугарскиот пасош“
Next articleМалиот Петар даде интервју и искрено раскажа зошто не сака грашок и која е Снеже (ВИДЕО)