Home Live Мими од „Звезде Гранда“ откако реши да се мажи, ја однесе и...

Мими од „Звезде Гранда“ откако реши да се мажи, ја однесе и свекрвата во Шведска, на посета кај мајка ѝ (ФОТО)

-Со пеење се занимавам од најрана возраст, најпрво во училишните хорови, а потоа продолжив во средното музичко училиште во Штип.

Мојот талент за пеење го откри мојата мајка, која секогаш била моја поддршка, изјави во една прилика велешанката Мими Јовановска, која минатата сезона постогна одличен успех како натпреварувач во „Звезде гранда“.

„Јас уште од мала пеев по свадби, и кога моите пријатели излегуваа, јас не одев со нив, пеев по свадби“, откри таа во емисијата „Магазин“ на Сител. Потоа за Мими зборуваше нејзината пријателка Марија.

– Покрај толкава гламурозна сцена, Мими си е истата останата. Искрено, со толкава поддршка од близките Мими е стасана каде што е. Во слободно време заедно ги читаме пораките од обожавателите и а одговараме“, изјави другарка на Мими за неа.

Другарката потоа раскажа за големото изненадувањето коешто таа и пријателите ѝ го подготвиле, а Мими била во голем ш -ок, но позитивен. „Мајка ѝ и нејзиното братче живеат во Шведска и повеќето од времето се разделени отколку што се заедно.

И договоривме мајка ѝ да дојде без таа да знае. Ѝ викам: Мими, може ли да се видиме на кратко? А таа ми вели: Морам да одам во Велес. А мајка ѝ беше веќе пристигната. Ѝ реков, Мими, врати се, многу ми требаш.

Се врати, и со ова можам да кажам дека е вистинска другарка.

Ѝ приредивме големо изненадување, и не знаеше каде се наоѓа“, рече нејзината добра пријателка Марија.
На ова Мими одговори:

„За мене тоа беше навистина голем шок. Не знаев каде се наоѓам. Се немав видено со мајка ми долго време, повеќе од една година, и кога се појави позади мене…

Во моето семејство од страна на мајка ми сите се музички талентирани, меѓутоа никој професионално не се занимавал со музика.“, изјави Мими во Хаштаг. Но, таа ова лето засекогаш, на вечна љубов му се заколна на Филип Нуне, со кој е во долга врка, но малку зборува за него.

Мими неодамна овјави слика со прстен кој ѝ го дал Нуне и напиша: Милион пати ДА! Оваа слика ја сподели Гордана Нуневска, идната свекрва на Мими која на Фејсбук напиша: -Си имам снаа. Да сте цел живот среќни!

Инаку неодамна излезе албумот „Мојата последна песна“, на Есма Реџепова и браќата Нуне, како еден вид омаж на незаборавната Есма Реџепова.

„Мојата последна песна“ е исклучителен документ бидејќи ги содржи најновите снимки на Есма Реџепова, македонска ромска пејачка, која се стекна со светска слава како „Ромска кралица“.

Тука таа е поддржана од младиот македонскиот бенд „Браќа Нуне“ – албумот е снимен во нивното студио во Скопје, Македонија, во месеците пред загубата на Есма.

Откако Есме веќе долго време ја нема, Филип и Раде Нуневски заклучија дека е вистинско време да се објават овие историски снимки, снимајќи уште четири песни, покрај шестте веќе снимени.

„Мојата последна песна“ е финалето на Есмина, а исто така и интернационалното деби на Браќата Нуне“, објави неодамна порталот dertmusic.com

Мими пак, идната жена на Филип Нине објави дека браќата Нуне и Мими заедно ќе настапуваат за Нива година, во еден ресторан во Велес.

На Инстаграм профилот на Мими можат да се видат нејзини нови слики на кои се гледа дека разубавена, и изгледа одлично.

Но, на Фејсбук профилот на нејзната идна Свекрва Гордана, е објавено дека таа, синот Филип и снаата Мими биле во Шведска, на посета кај мајката на Мими која жоивее таму, и убаво си поминале на гости, шетајќи низ овој шведски град.

Исто така, на сликата каде што се двете сваќи, мајката на Мими и мајката на Филип Нуне, се гледа дека Мими многу личи на својата мајка и од кого ја има наследено нејзината убавина.

Previous articleВила со поглед на езеро, одмор во Америка, на Гавазова ѝ падна секирата во мед
Next articleПендаровски му го даде мандатот на Ковачевски и соопшти што очекува од него