Home News Пендаровски му го даде мандатот на Ковачевски и соопшти што очекува од...

Пендаровски му го даде мандатот на Ковачевски и соопшти што очекува од него

Денес Димитар Ковачевски го доби мандатот за составување нова Влада. По доделувањето на мандатот од страна на шефот на државата, на социјалните мрежи напиша:

„За мене претставува голема чест и одговорност доделениот мандат од претседателот Стево Пендаровски да ја формирам новата Влада.

Од денес започнувам со формирање на новиот тим луѓе кои треба да одговорат на сериозните предизвици кои не чекаат веќе од почетокот на следната година. Живееме во турболентни времиња, времиња на кризи и неизвесности..

Соочени сме со долгогодишни проблеми кои го попречуваат напредокот на државата и остварување на стратешките цели.

Ваквите времиња бараат стабилни, одговорни и храбри луѓе кои ќе понесат одговорност да се соочат и да ги надминат сите препреки со цел заштита и грижа за граѓаните.

Новата Влада ќе има јасна цел – обебедување сигурност, подобар живот и светла иднина за нашите граѓани. За тоа е потребно ефикасно, чесно и одговорно владеење што ќе биде одлика на тимот кој јас како мандатар ќе го составам.

Moja лична заложба е да ја вратиме довербата на граѓаните во политиката и институциите. Мора сите заедно да се стремиме кон градење независни институции и правично општество ако сакаме да ни веруваат оние на кои им служиме.

Новата Влада јасно ќе ги дефинира приоритетите за работа. Секоја минута од нашето време мора да ја посветиме на клучните проблеми со кои се соочуваат нашите граѓани.

На оние проблеми за кои секојдневно зборуваат и ги мачат, а тоа е економската несигурност и животниот стандард. Најавувам силен фокус економскиот развој на земјата и финансиска поддршка за семејствата.

За крај, новата Влада е одговорна да донесе нов квалитет во јавната комуникација и соработка со сите чинители во општеството. Нашата земја е мала и не смееме да дозволиме политички поделби и бескрајни расправии.

Тие прават голема штета на развојот и реализацијата на проекти и реформи кои насушно се потребни за подобар живот за сите. Мора да ги надминеме разликите, да се обединиме околу приоритетите и брзо да напредуваме.

Граѓаните бараат да видат разлика, да видат напредок, а со тоа и да ја вратат довербата дека можеме и умееме како општество.

Претседателот Стево Пендаровски, по доделувањето на мандатот, напиша:

-Му посакувам успех на Димитар Ковачевски, новиот мандатар за состав на Влада и претседател на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија.

Очекувам во законски предвидениот рок да биде формирана новата Влада на Република Северна Македонија, која час поскоро во интерес на македонските граѓани ќе се фокусира во исполнување на задачите и обврските од домашната и надворешната политика.

Previous articleМими од „Звезде Гранда“ откако реши да се мажи, ја однесе и свекрвата во Шведска, на посета кај мајка ѝ (ФОТО)
Next articleВесна Бејби: Не свиткав кичма, се смеам и кога не престанувам да плачам