Home Live Перо Камиказа- Гладував 14 дена, бев само на вода

Перо Камиказа- Гладував 14 дена, бев само на вода

Една своја исповест како што рече, раскажа Петар Георгиевски- Камиказа, во своето ново обраќање на Фејсбук, а станува збор за приказна во која нашиот познат музичар вели дека 14 дена гладувал.

-Пред од прилика 10-на години, се подвргнав на 14 дневно гладување. Во тие денови поминав низ разни духовни и физички премрежија а водата ,музиката и молитвата ми беа единствена храна…

Осетив потреба и тоа го направив без двоумење и можам да ви кажам дека се почуствував како поново роден,со чиста мисла и наполно смирен дух.

За разлика од другите испосници, јас во ова 14 дневно патување активно спортував и се дружев со луѓе.

Во моментите на осама чуствував оогромна бодрост и поткрепа небаре повторно некоја сила ми го чисти умот и телото и ми дава можност,да гледам со бистар ум и да го засакам животот уште повеќе,со сета своја душа и тело…

Нема сега да ви ги раскажувам сите премрежија и љубопитни очи за време на моето гладување,туку ќе ви го раскажам само последниот ден кога отидов во црква да му благодарам на бога за силата и вербата што ми ја даде да издржам во мојата намера…

Влегувам во манастирот (нарочито не го посочувам) и палам свеќа. Со молитвени раце си правам муабет со црковната тишина, мирисот на темјан и светците…Влегува едно свештено лице и ми вели:познат си ми од некаде и го прекинува мојот молк и духовен разговор со бога.

Му велам: јас сум тој и тој,и продолжувам со мојата намера повторно да си го вратам внатрешниот мир…Ама попот продолжува да ми го нарушува мирот и ми вели:имаш некоја посебна причина или само така си дошол во божијов храм?

Му велам дека сум дојден да му заблагодарам на бога за силата што ми ја дал да издржам 14 дена на вода и да се помолам за спасеније на моите блиски кој не се повеќе на овој свет.

Во тој момент, попот со повишен тон ми вика: кој ти дал право нев ернику да гла дуваш кога не е време на пости,а!? Мојата смирена душа се растрепери и оној потиснатиот во мене се разјари…

Ми дојдоа секакви мисли и намери,но успеав да се воздржам и полека наназад ја напуштам божијата одаја со ново искушение…Попот се погласно вика и употребува непристојни зборови што на момент уште повеќе ме налутија…

Со забрзан чекор го напуштам божијот храм а пред неговите порти се замивам со водата од чешмата вџашен и збунет…Од нигде никаде чув внатрешен глас кој ми вели:чедо мое ова ти беше последното искушение од твоето 14 дневно патешествие.

Ако диг неше рака или глас на неп ристојниот свештеник, се ќе беше џабе, бидејки другиот во тебе што го дисциплинираше твоето физичко тело , ќе го зат руеше твојот дух со омр аза и собласт.

Затоа чедо мое оди во мир кај твоите родители на посета, и да знаеш од денес си поблизок до мене….Студената вода го мие моето лице а гласот кој ми се јави едноставно исчезна…

Итајќи накај мајка ми и татко ми во Маврово, чуствував некој мир кој порано не го познавав. Од тој ден престанав да се плашам од см pт та а почнав да го славам секое ново утро со: Сполај ти Bоже. За многаја лета. Искрено ваш Петар Георгиевски- Камиказа.

Previous articleПроф. Трајковски: Струга, Битола, Прилеп, Брод… Дојдоа печалбарите и веднаш зголемен број позитини
Next articleТијана откри зошто плаче за Нова година