Home News Проф. Даниловски: За максимум 5-6 месеци очекувам на вирусот до толку да...

Проф. Даниловски: За максимум 5-6 месеци очекувам на вирусот до толку да му се „истапат ноктите“ што ќе стане „питомо маче“

Високо мутираната и најпренослива варијанта досега, Омикрон, брзо станува доминантен вид на глобално ниво, бидејќи е отпорен на имунитетот што го обезбедуваат вакцините и претходните инфекции.

Според анализите, омикрон инфицира 70 пати побрзо од претходните соеви.

Построги рестрикции поради коронавирусот стапија на сила во Шкотска, Велс и Северна Ирска, но владата на британскиот премиер Борис Џонсон засега се воздржува од воведување дополнителни мерки во Англија.

Епидемиолозите со критики дека бројот на нови инфекции повеќе од 100.000 и 143 починати, се доволна причина за загриженост.

Студијата на која се повикаа сите светски експерти откри колку трае инкубацијата и кои се симптомите на инфекција со сојот омикрон во првите 48 часа.

Сè уште се дебатира за симптомите на новата мутација на корона вирусот – омикрон, кој се заканува да стане доминантен во целиот свет.

Речиси секој ден, научниците доаѓаат до нови сознанија, без разлика дали станува збор за тоа кој е поподложен на инфекција или некои невообичаени знаци на инфекција, како засипнатост.

Во Велика Британија омикронот стана доминантен вид, а нивните виролози тврдат дека оваа нова мутација е побезбедна од претходната – делта сој, дека предизвикува поблага клиничка слика, а откриено е дека периодот на инкубација е многу пократок отколку кај други варијанти на корона.

Вечерва на телевизијата ТВ 21, во емисијата Клик плус, кај новинарот Борјан Јовановски, гостуваа професорите д-р Драган Даниловски и проф. доктор Никола Пановски.

Проф. Пановски истакна дека треба да се направи добра анализа зошто кај нас има на пример 300 позитивни на ден, а 15 упокоени, за разлика од развиените земји, каде леталитетот е само 0.1 процент.

Проф. Даниловски излезе со напозитивната прогноза од почетокот на пандемијата. Тој вели дека очекува, за најмногу 5-6 месеци, благодарение на омикрон сојот кој е многу послаб, на вирусот до толку да му отапат ноктите, што би станал питомо маче.

Вака сликовито објасни професорот Даниловски, кој дополни дека вирусот ќе стане ендемски, како што е грипот. Тој уште апелира да се укине мерката децата да носат маски на училиште, но и да се размисли во иднина да не се соопштуваат секодневно резултати од тестирањата.

Previous articleСтефан Богоев: Ќе ја убедиме Шекеринска дека знаеме и можеме
Next articleВасил Зафирчев се подмладува, откри со кои „финти“ и третмани (ФОТО)