Home News Сашо Мијалков излегува од Шутка

Сашо Мијалков излегува од Шутка

Минатата недела, Сашо Мијалков најпрво беше пуштен на слобода со кауција од 11 милиони евра, но, додека се спроведуваше имотот во Катастар, обвинителството побара пpитвop за друг случај, „Плацеви на Водно“ и судот му одреди 30 дневен притвop.

После првата одлука на Апелација, на социјалните мрежи се огласи Министерот за правда, Бојан Маричиќ:

„По повод ваквата судска одлука, на својот профил на социјалните мрежи, се огласи и актуелниот министер за правда, Бојан Маричиќ, кој не се согласува со ваквата одлука:

„Одлуката на Апелациониот суд во Скопје да го пушти од при твор Сашо Мијалков ја намалува и онака разнишаната доверба на граѓаните во судовите.

Потсетувам дека Мијалков беше лице под реален ризик за бегство и повод за настани кои ја во зне мирија целата македонска јавност.

Судиите на Апелациониот суд во Скопје Ѓоко Ристов и Енвер Беџети кои ја донесоа оваа одлука треба да и објаснат на јавноста на кој основ ја донеле ваквата одлука и на кој начин ќе ја преземат одговорноста доколку се случи повторно ризик од бе гство.

Судот иако е независен, должен е јавно да ги објаснува своите одлуки за да можат граѓаните да веруваат во судството.

Апелирам до Судскиот совет да испита по кој основ судиите ја донеле оваа одлука.“

Екс директорот на УБК Сашо Мијалков, сепак, излегува од пpитвop.

Оваа информација за Телма ја потврдија од Апелациониот суд од каде велат дека ја прифатиле жалбата на одлуката на Кривичниот суд со која му беше одреден 30 дневен пpитвop за случајот Плацеви на Водно.

Адвокатите на Мијалков велат дека го добиле решението и дека се очекува негово извршување попладнево со што тој треба да биде на слобода. Со ова велат се потврди дека се во право.

Ова доаѓа откако претходно исто така Апелациониот суд ја прифати гаранцијата дека Мијалков нема да бега која беше во имот вреден 11 милиони евра. тој беше во пpитвop уште од февруари годинава, за предметот Трезор, па минатонеделната одлука значење дека ќе излезе на слобода.

Но, истиот ден обвинителката Лиле Стефанова побара пpитвop по предметот Плацеви на Водно во кој исто така му се суди на Мијалкови, а Кривичниот суд во Скопје го одобри.

Екс началникот има две неправосилни пресуди од вкупно 20 години з атвор, и неколку судења кои се во тек.

Previous articleИм го дадов новчаникот, срцето и душата, тие мене ме излажаа: Се отвори згодната пејачка
Next articleДанела: Со парите што некој ги дал на кафани, за да јаде и пие, сега ќе ги нахраниме оние што немаат