Home News Стефан Богоев: Ќе ја убедиме Шекеринска дека знаеме и можеме

Стефан Богоев: Ќе ја убедиме Шекеринска дека знаеме и можеме

Владеачката партија СДСМ, од скоро има нов лидер, а од неделата и комплетно ново раководство, со кое сакаат да се вратат на старите победнички патеки.

Новиот член на Извршниот одбор на СДСМ и поранешен градоначалник на Карпош, Андреј Петров откри поради која причина се вратил во високите партиски органи.

-Најважно е што не доаѓам за некаква функција. Го познавам Ковачевски долго време и тој кога беше избран за лидер на партијата ми се јави и искажа желба да вклучи повеќе луѓе, кои во разни периоди значеле нешто за партијата.

Тоа беше негова иницијатива. Разговаравме доста детално. Неговите амбиции се да се насочи кон решавање на директните проблеми на луѓето, вели Петров во гостувањето на емисијата „24 анализа“.

За Петров, „Ковачевски е чесен човек, со голем менаџерски капацитет и затоа сакам да му помогнам“.

-Делиме исти вредности. Тоа е човек кој заслужува да се поддржи и може да понуди многу.

По карактер, Ковачевски е повеќе технократски човек, менаџер, еден вид оперативец во тој менаџерски дел, вели Петров и додава дека „лидерот на СДСМ има еден обединувачки капацитет“.

Потпретседателот на СДСМ и поранешен градоначалник на Карпош, Стефан Богоев вечерва гостува во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 каде разговараме за тоа каде водат промените во СДСМ.

Богоев вели дека тие како партија ја сфатиле пораката од граѓаните и поради тоа се случиле големи кадровски промени во СДСМ.

„Важно е да нагласам дека во СДСМ, за разлика од ВМРО-ДПМНЕ, пораката навистина се сфаќа и дека во една ваква ситуација каде условно кажано граѓаните не казнија во мнозинството општини да го прифатиме и направиме промени“, порача Богоев.

Богоев смета дека од почетокот на мандатите на градоначалниците од страна на ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните можеле да насетат дека направиле грешка.

Но тој напоменува дека грешките на избори носат четири години чекање.

На прашањето на новинарот Борјан Јовановски, околу оставката и повлекувањето на Радмила Шекериснка, Богорв изјави.

-Ќе треба време нашите членови да сфатат дека ние сме ги сфатиле пораките и СДСМ тргнува по нов пат. Бидејќи, видете, на овие избори ВМРО

ДПМНЕ освои историски најслаб резултат, но ние имавме уште помалку гласови.

Радмила Шекеринска е еден од најискусните политичари во државата, која била дел од многу раководства во СДСМ и кога работите добро, но и кога не било како што треба.

Верувам и убеден сум дека ние, новото раководство и неа ќе ја убедиме дека знаеме и можеме подобро.

Previous articleДанела: Со парите што некој ги дал на кафани, за да јаде и пие, сега ќе ги нахраниме оние што немаат
Next articleПроф. Даниловски: За максимум 5-6 месеци очекувам на вирусот до толку да му се „истапат ноктите“ што ќе стане „питомо маче“