Home Live Тијана откри зошто плаче за Нова година

Тијана откри зошто плаче за Нова година

Тијана Дапчевиќ, освен што е позната пејачка се покажа и како добра актерка. Таа ја имаше својата театарска премиера и прва актерска улога во претсавата „Pukla bruka“ каде го покажа и својот талент за глума.

-Актерството за сега е мое хоби и издувен вентил. Со помош на глумата открив една нова Тијана, можеби дури и некоја друга страна на мојата личност. Малку се променив, а многу повеќе се исполнив духовно.

Кога со претсавата настапував во Македонија имав неверојатно голема трема.

Секогаш имам трема, но особено пред моите Македонци“, има изјавено Тијана во едно постаро интервју за „Фешнел“. Но, потоа таа се покажа како супер глумица во Преспав, серијата во која таа ја глуми германката Ула.

Ула е доста застапена во оваа сезона. Исто е луда, ја крши кризата на средни години. И понатаму бескрајно бара внимание и љубов од Коста, и понатаму го брка и таа ги решава нормално и природно сите проблеми, затоа што таа е Германка, нели?

– Смешки се случуваа констатно. Се случи на едно снимање толку да се смееме, режисерот дојде и ни рече: „На сите четворица ќе ви дадам по сто евра само престанете да се смеете, за да можеме да ја снимиме сцената.

Додека снимавме овие месеци во Скопје, хм, само јас си знам како ми беше. Ама, знаеш како, добро е што ОХО како продукција многу не’ чува, како бели мечки сме заштитени. Ништо не ни фалеше.

Јас доаѓав, снимав по седум дена во Скопје, па се враќав во Белград, па Вук и Милан доаѓаа во Скопје.

Олеснителна околност беше тоа што можев да одам, па пак да се враќам. Добро е што Вук и Милан си се навикнати да се дружат и да си се чуваат, најдобри другари се, така што јас проблем со тоа немам.

Милан, покрај тоа што е најдобар сопруг и мојот ветер во грб веќе 20 години е и прекрасен татко. Јас постојано ова го зборувам и веќе досадна станав“, рече Тијана.

Пејачката во интервју за „Бекстејџ“ откри дали некогаш би влегла во нокое реално шоу, со оглед дека ги има во изобилие во соседните земји, а рушат и гледаност.

„Тој филм нема да го гледате ни за милион години. Знаеш ли јас како ги доживувам тие реални шоуа кои моментално се емитуваат во Србија и кои се најгледаниот формат? Јас тоа го гледам како да си ставил три камери на Одделение Ц во Бард овци.

Имам психо лози кои го гледаат тоа и ги прашувам зошто, ми викаат како социолошки феномен. А, луѓето кои ги гледаат, широките народни маси, си викаат: Види што има, јас сум супер“, вели Тијана.

Тамара и нејзината сестра Тијана за Женски магазин раскажуваа новогодишни приказни и Тијана кажа дека и таа како и многу други нејзини колеги извислила за Нова година, а требала да пее со Џибони во Будва, но тоа нема да се случи откако црногорските власти ги откажаа сите масовни собири.

Тијана рекла дека ако добро размисли, од 1997 година до годинава, таа нема пеено само кога била бремена со синот, а сите други дочеци на Нова година ги поминала работно. Од оваа година, таа сака да ги запамети сите убави работи кои ѝ се случиле, а вели дека лошите ги има избришано од меморија.

– Нема вчера, нема утре, живеј за моментот, така што, јас сум од тие. Го живеам моментот“, рече Тијана за својот весел темперамент и карактер со позитивен дух по кој е всушност позната.

– Нема да пеам никаде, вчера си плачевме со Џибони на телефон. Сите што требаше да пееме во Црна гора, нема да пееме никаде.

Ќе дојдам во Скопје, и дента за Нова година ќе одам кај сестра ми на матине во „Интермецо“,и ќе ужовам во новогодишниот ден, а богами и ноќ, со децата“, рече Тијана.

Previous articleПеро Камиказа- Гладував 14 дена, бев само на вода
Next articleВила со поглед на езеро, одмор во Америка, на Гавазова ѝ падна секирата во мед