Home Live Васил Зафирчев се подмладува, откри со кои „финти“ и третмани (ФОТО)

Васил Зафирчев се подмладува, откри со кои „финти“ и третмани (ФОТО)

– Имав безгрижно детство“, изјави во едно интервју за Елементал актерот Васил Зафирчев, кој е сега популарен како готвачот Марио во серијата „Преспав“, а серијата инаку ја емитува својата шеста сезона.

-Во земјата на братството и единството се растеше во игра, благосостојба, исполнетост и во хармонија. Последна генерација пионери. Родителите на нашите родители ни беа оставиле поубава и посредена држава за живеење од онаа што, за жал, ние ќе им ја оставиме на идните генерации“.

Иако единец, не бев ни малку разгален. Напротив, бев воспитан да имам став. Право на одлука и избор, но и преземена одговорност за тоа.

Растев со целосна слобода во желбите, афинитетите и предиспозициите, но и со почитување на правилата, редот и дисциплината.

Светото тројство на тоа воспитување беа чесноста, одговорноста и работливоста, а главната максима „сакам, значи можам!“ Систем на вредности што денес е целосно неадекватен на светот во кој живееме.

Младоста, пак, ми беше отворена, храбра, луда и непредвидлива, но со правилни избори и соодветни можности низ кои сè повеќе се откривав себеси. Немав идоли. И никогаш не сум сонувал за победи. Никогаш не сум се натпреварувал со никого. Освен со себе.

Но, не за да се победам, туку за да се запознам подобро. Најважна е вербата во себе. И желбата за учење, за откривање нови светови, поинакви искуства. А потоа и размена на тие искуства со другите и споделување на доживувањата врзани за нив.

Животот секогаш нè подготвува за промените, иако доаѓаат навидум ненајавено. Најчесто се случуваат како последица на настани и луѓе, некои добри, некои лоши, но и едните и другите со иста цел. Да нè променат. И да нè поттикнат на лично растење. На развој.

Театарот за мене е живот. И театарот треба да се занимава со животот. Со неговата уметничка промисла на сцената“, изјави Зафирчев меѓудругото во ова интервју.

За CRNOBELO.com, тој вели дека во Преспав, Марио најмногу мрази месо, а во приватниот живот Васил не знае да мрази. Во серијата, Марио го расположува кога го добива тоа што го сака, а Васил моментално го расположува Преспав и екипата.

– Припаѓам на последната генерација кај нас која во училиште го изучуваше некогашниот српско-хрватски јазик. Но со хрватскиот јазик за прв пат посериозно се занимавав за време на мојот ангажман како актер гостин во претставата „Електра“ на Истарското Народно Казалиште во Пула.

Обидот да се игра на туѓ јазик е сериозно тежок и стресен предизвик за секој актер. Од едноставна причина што внатрешната мисла на актерот е секогаш цврсто врзана за мајчиниот јазик. Но токму тоа искуство ми беше добар предуслов за улогата на Марио.

Во продукцијата на „Преспав“ немаме јазичен консултант за хрватски. Заедно со сценаристите ги правиме јазичните измени, приспособувања и интервенции во текстот со цел да е што поблизок до денешниот современ хрватски јазик. Тука секогаш помагаат Тијана и Јелена.

Се разбира, има и по некоја грешка во изговорот и во падежната структура, но сепак за мене најважен е ефектот што се добива во целокупната слика на проектот“, изјави Зафирчев во Женски магазин, а ја спомена и Калиопи, негова поранепшна сопруга и блиска пријателка.

Со Калиопи отсекогаш сме биле пред сè добри пријатели. И секогаш не врзувал искрен однос и меѓусебно почитување.

Таа ми е една од најблиските во животот. Се гледаме онолку колку што ни дозволуваат професионалните ангажмани, отсуства и патувања.

Но секогаш се радуваме на можноста за заедничка средба или дружење, на кои покрај разговорот, уживаме во готвењето и убавата храна. Од неа научив дека животот е вечна сегашност.

Едно големо овде и едно, долго, долго сега. Токму затоа со неа сме секогаш сега и овде еден за друг. Искреноста, талентот и алтруизмот ме фасцинираат кај неа“, изјави Зафирчев.

Тој на Фејсбук објави слики и видео како се средува и како се подмладува и ја откри тајната на својот младолик изглед и за третманите кои ги користи.

„PQ Age Evolution е нова и иновативна формула на која за само неколку минути го враќа убавиот и здрав изглед на вашата кожа, давајќи и притоа извонредна свежина и сјај“, напиша Зафирчев.

Previous articleПроф. Даниловски: За максимум 5-6 месеци очекувам на вирусот до толку да му се „истапат ноктите“ што ќе стане „питомо маче“
Next articleМијалков на забава со пријателка и со сопругата (ФОТО)