Home Live Додека Петар Грашо се спрема за свадба со 15 помладата Хана, Данијела...

Додека Петар Грашо се спрема за свадба со 15 помладата Хана, Данијела доби изненадување од друг човек од Турција

Откако на почетокот на годинава ја прекина долгогодишната врска со Данијела Мартиновиќ, Петар e се поблизок и повлисок со Хана, а веќе планираат и свадба, вели добро информиран извор.

Хана Хуљиќ и Петар Грашо ќе се венчаат во 2022 година. Според извор близок до парот, убавата Хана веќе избрала дизајнери за венчаницата, дознава RTL.hr.

Талентираната ќерка на Вјекослава и Тончи Хуљиќ ја следи секоја трага откако се дозна дека е во љубовна врска со 15-годишниот Петар Грашо..

Заљубениот пар буквално не се разделува. Неодамна таа го придружуваше Петар на концерт во Чикаго, а по враќањето во Сплит парот го прослави Божиќ со семејството и најблиските пријатели.

Дека работите меѓу Хана и Граша никогаш не биле подобри и посериозни, дознава споменатиот медиум од извор близок на парот.

Ексклузивно им беше откриено дека венчавката на Хана и на Петар е сосема сигурна во текот на 2022 година, а кога ќе дојде тој ден, таа наводно решила нејзината венчаница да биде креирана од брачна двојка зад модниот бренд Arileo.

Да потсетиме, љубовта на Хана и на Петар стана позната на почетокот на октомври 2021 година, кога фотографите ги фатија на романтична прошетка низ центарот на Загреб.

Инаку, Петар ја познава Хану уште од мала, со оглед на тоа што е семеен пријател со нејзините родители,а нејзиниот татко, Тончи има соработувано со него.

Пејачот пред Хана беше во врска со Данијела Мартиновиќ со која не се ожени ниту по 24 години врска.

Сплитската пејачка Данијела Мартиновиќ (50), поранешна членка на групата „Магазин“, веќе некое време не е со Петар Грашо (46) за што ниту тој ниту таа не се огласија за медиумите.

Набрзо се зборуваше дека пејачот по 24 години љубов со Данијела стапил во врска со Хана Хуљиќ (31), ќерка на пријател и соработник Тончи Хуљиќ (59), а парот наводно бил неразделен и бил виден како шета држејќи се за раце неколку пати, што подоцна потврдија и преку фотографии.

Иако ниту еден од актерите не беше многу зборлив на оваа тема,

Данијела сега првпат го коментираше раскинувањето. „Не можеш да го избегнеш моментот кој е неизбежен – изјави кратко пејачката за магазинот „Глорија“ и додаде дека врската со Петар Грашо е „убаво минато“.

Токму кога насекаде се зборува за свадбата на Грашо, се огласи и Данијела Мартиновиќ, со друг посебен повод. Имено, едно хрватско радио ја изненади пејачката откако во емисија ѝ кажаа дека има верен обожавател од Турција.

Обожавателот, ја знае на памет песната Нека ми не сване, која за Евровизија за Данијела ја напишал токму Грашо, и не само што ја знае целата песна туку го знаел и секој детаљ од настапот на Данијела на Евровизија.

Имено, радио Сплит ги спои Данијела и Чаглар Кајали од Турвија, кој беше гостин во емисијата и за Данијела ја испеа „Нека ми не сване“ на хравстки јазк, а пејачката беше воодушевена од овој гест.

Previous articleПецаков- охридскиот градоначалник нема да оди по кафани, ќе биде на отворено за Нова година, за Фокус раскажа детали
Next articleЛапна 30.000 евра за настап на свадба, овој српски пејач се офајди во Македонија