Home Live Елена- Живот со стил ја напушти Македонија, објави слика со крзно, ептен...

Елена- Живот со стил ја напушти Македонија, објави слика со крзно, ептен скапо облечена (ФОТО)

Елена Стефановска, нашата позната водителка и инфлуенсерка, од неодамна има нов концепт на емисијата „Живот со стил“.

Таа обезбдува шопинг од половина час за натпреварувачите, поточнo таа ги части. Натпреварувачите ги оценуваат познати личности.

– Се гордеам што толку време успевам да ја одржам емисијата, да опстојува во етерот, да биде атрактивна и со гости и со содржини. И се трудам секогаш да биде нова, примамлива, интересна и различна.

Тешко беше и на почетокот, но и сега е исто, секогаш треба да најдеш интересен сегмент и да ги убедиш потенцијалните спонзори за да го најдат својот бенефит за својот производ во мојата приказна наречена „Живот со стил“.

Но, најважно е да се работи работата што ја сакаш. И да ја работиш со професионален тим во продукцискиот дел. А кога твориме со љубов, резултатите се неминовни“, изјави таа во претходно интервју за hybrid.mk .

Елена Стефановска е секогаш дотерана и негувана, таа е секако дама што се грижи за својот надворешен изглед, но и внатрешен, а во една прилика и зборуваше на таа тема:

– Секој ден ја чистам кожата на лицето. Кога ќе станам наутро задолжително го мијам лицето со ладна вода. Веднаш потоа го нанесувам серумот за лице со кремата за околу очи.

На крај, дневна хидратантна крема која убаво ја нанесувам и на вратот. Сакам природен изглед со лесна шминка, не сакам многу бои на моето лице кога немам снимања. Никако и никогаш не легнувам со шминка.

Сигурна сум дека тоа е тајната на добриот младешки изглед, чиста и негувана кожа, макар и во домашни услови. Затоа девојки мои, основната хигиена е најважна. Јас тој однос кон мојата кожа си го имам од кога знам за себе“, рече водителката.

Елена повеќе од две години е во врска со Бојан Најдоски. По фотографиите на Инстаграм може да се заклучи дека парот ужива да патува, дека и двајцата се големи гурмани и луѓе кои уживаат да се забавуваат, објави неодамна Женски магазин.

Зависно од поводот како пар со стилот и разноликоста се дополнуваат и истакнуваат во јавноста. А на прашањето дали во сегашниот нејзин партнер таа го пронашла она што отсекогаш го барала кај еден маж, Стефановска вели:

„Со Бојан функционираме одлично. Си ги прифаќаме навиките, а тоа според мене е најголем показател за љубовта“.

Водителката за најлудата ноќ во годината сподели дека најверојатно ќе патува некаде, но каде не ни откри, додека за Бадник и Божиќ потврди дека ќе ги прослави во кругот на семејството.

За Бадниковата трпеза Стефановска истакна дека секогаш сама ја подготвувала празничната погача со паричка, и бидејќи Бадник е празник на семејството тој празник го поминува традиционално во кругот на најблиските, со богата посна трпеза.

Но, Елена на соцоијалните мрежи сподели каде е за новогодишните празници, а за тој повод ни повеќе ни помалку ја избрала Москва.

Елена сподели слика од Москва и напиша: Од Москва од срце.

Таа е облечена целата во крзно, со шубара, темни наочари и ракавици, вистински стајлинг за престолнината на Русија.

Previous articleНашиот најбаран фолк пејач се сликаше со Дедо мраз, и му даде специјален подарок (ФОТО)
Next articleХарис Џиновиќ без капа – исплива стара фотка, ретко кој го видел ваков (ФОТО)