Home Live Карлеуша синоќа со својата објава го pacплaka Балканот (ФОТО)

Карлеуша синоќа со својата објава го pacплaka Балканот (ФОТО)

Деновиве на Твитер се појави видео на кое се гледа како на Јелена Карлеуша ѝ се придружуваат трубачи во Скадарлија, кои ја испраќаат да се качи во јавен превоз.

Имено, во капут „Баленсијага“, црни очила и црни чизми, поп-пејачката се шета низ српската престолнина, уживајќи во својот град во предновогодишна атмосфера, а потоа се качува во стар трамвај и црта срце на стаклен прозорец.

На прв поглед, никому не му е јасно зошто Јелена се одлучила на овој потег. Но земајќи предвид дека во нејзино друштво е и градоначалникот, работите стануваат многу појасни.

Српската пејачка Јелена Карлеуша за оваа новогодишна ноќ се подготвува во посебно расположение, бидејќи првпат во кариерата ќе настапи во најлудата ноќ пред Народното собрание во Белград.

– Тоа е круна на мојата кариера – изјави неодамна пејачката.

Меѓутоа, додека пејачката се подготвува за концертот кој нејзините обожаватели и самата таа со нетрпение го очекуваат, на адресата на Јелена пристигна подарок кој ја извади од колосек – прекрасен портрет од нејзината мајка Дивна Карлеуша и неа, направен по една од нивните најубави заеднички фотографии.

Пејачката го сподели овој портрет во златна рамка на својот профил на Инстаграм, истакнувајќи само емотикон во облик на скршено срце и песната „Била је тако лјепа“.

Да потсетиме, радио-водителката Дивна Карлеуша по чина на 03 март 2019 година, по долги години борба со ра кот, а Јелена многу тешко ја поднесе оваа загуба.

Како што повеќепати истакна, нејзината мајка ѝ била голема поддршка во сѐ што правела, а пејачката била со неа во тешката битка за животот.

– Речиси една година носев перика, бидејќи косата ми падна од стрес. Тоа не се знае. Јас потклекнав. Таа ми се лизна низ раце и не можев да ја спасам – истакнала неодамна Карлеуша.

Јелена признала дека смртта на Дивна е остварување на најголемиот страв што го имала и тоа токму во времето кога на Јелена ѝ било тешко на секое поле.

– Како ќерка единица бев исклучително приврзана за неа. Нејзината смрт беше остварување на најголемиот страв од животот.

Дивна по чина, за да биде зл ото поголемо, во периодот кога ми беше најтешко во приватна и деловна смисла и кога цел свет ми се уриваше, и тоа јавно, на сите насловни страници.

Како животот да го смисли најлошото сценарио за да види како глушец игра на вжештена рингла.

Така се изма чуваат животните во експерименти – рекла пејачката пред извесно време.

Previous articleДечко и девојка се бацуваат, а видете ја љубоморната фаца на девојката во позадина (ФОТО)
Next articleНема веќе дилеми – Бислимовски соопшти колку ќе поскапи струјата