Home Live Лапна 30.000 евра за настап на свадба, овој српски пејач се офајди...

Лапна 30.000 евра за настап на свадба, овој српски пејач се офајди во Македонија

Пејачот Шериф Коњевиќ поседува прекрасна вила на Илиџа, а без разлика на големиот успех што го постигна со песните, секако се сеќава од каде дошол, како и колку бил изненаден што успеал да го купи првиот имот поради познатите „ Бела венчаница“.

– Ова чесно го заработив и за ова се борев цел живот. Јас сум домаќин, сакам да бидам фин, чист и пријатен.

Работам многу и тогаш мојот дом мора да биде таков – изјавил пејачот во една емисија, пренесуваат медиумите, а потоа се присетил на својот прв заработен недвижен имот, од периодот кога се уште не стекнал голема популарност.

– Заработив многу пари поради песната „Бела венчаница“ која беше продадена во околу 850.000 примероци. Тоа ми беше несфатливо.

Но, преку тој успех добив финансии и купив стан и автомобил – откри тој и додаде дека на ѕидот од својата вила насликал мурал кој ја имитира неговата семејна куќа во Саница, каде што израснал.

Габриел Бајрам, синот на сега веќе почи натиот политичар Амди Бајрам на својот профил на Фејсбук сподели доста емотивно видео направено најверојатно неколку недели или месеци пред загубата на татко му.

Амди на видеото плаче додека веднаш до него стои популарниот босански пејач Шериф Коњевиќ и му го пее големиот хит на Шабан Шаулиќ „Сине, сине“. Инаку Амди Бајрам по чина на 24 октомври во една приватна болница во Скопје.

Тој ќе остане како еден од политичарите со најголем стаж во Собранието на Македонија, а особено ќе биде запаметен и како еден од најдуховитите политичари…

– Амбицијата е прашање на моментот. Повеќе сакам да бидам креативен отколку амбициозен. Не сум на почеток на кариерата, па да бидам амбициозен. А амбициозните луѓе само зграпчуваат.

Не сум таков, се реализирав како сопруг, како татко, како пејач, бев реализиран во сите сфери на животот.

Знам колку вредам. Не бев ни амбициозен на почетокот на кариерата, затоа што да го имав, денес веројатно се ќе беше поинаку. Мислев дека е важно само пеењето, добар глас, но очигледно не, особено денес.

Денес не е важно како пееш, туку како изгледаш и како пласираш лага или сочни озборувања. Денес повеќе не е важен карактерот, туку претераната и лажна амбиција“, изјави Шериг во едно интервју.

Пејачот Шериф Коњевиќ за само неколку часа заработи голема сума на пари. Имал можност да пее на свадба во Рашка, благодарение на што заработил цели 30.000 евра.

Шериф бил пречекан на оваа голема свадба исто како крал, а бакшишите не престанале да пристигнуваат цела ноќ, пишува Курир.

Секоја изведена песна била проследена со громогласен аплауз, а гостите едногласно пееле со пејачот.

Инаку, на оваа прослава присуствуваа околу 3.000 луѓе, кои до раните утрински часови се радуваа на хитовите на Коњевиќ. На овој ЛИНК може да се погледне свадбата на која Шериф заработи 30.000 евра.

Всушност, станува збор за сун ет-свадба во кичевското село Лисичани, и токму во Македонија, Шериф ги заработил овие пари. Иако помина време од овој настан, српсските медиуми се уште пишуваат за него.

Previous articleДодека Петар Грашо се спрема за свадба со 15 помладата Хана, Данијела доби изненадување од друг човек од Турција
Next articleВучиќ се повлекува – ги кажа причините и до кога ќе остане на чело на партијата