Home Live Маријана од Австралија раскажа за премрежјата, за тагата и за солзите

Маријана од Австралија раскажа за премрежјата, за тагата и за солзите

Сестра близначка на пејачката Росана Сариќ- Тодоровска, Маријана Новачевска која инаку работи на стоматологија, од многу млада ја напупшти Македонија и замина да живее во Австралија, во Мелбурн.

Маријана, иако одамна професионално се откажа од музиката, за своја душа знае да запее во кругот на семејството. Пред извесно време, таа на Фејсбук профил објави фотографија со ќерката, со синот и со снаата.

„Некои велат свекрва и снаа, а некои све крива и снаа. Како и да е, убавина е“, напиша Маријана под фотографијата со снаата Анастасиа, сопругата на нејзиниот син Филип. Сега Филип и Анастасија се родители, а Маријана е среќна баба на малата внука Ева.

Во Мелбурн, исто така живее и нејзиниот поранешен сопруг, композиторот Тоде Новачевски, кој ги напиша повеќето од хитовите на Маријана и Росана.

Маријана времето често го поминува со нејзината добра пријателка, пејачката Татјана Лазаревска, уживајќи заедно на плажа, на прошетка, на кафе или на шопинг.

Маријна неодамна објави фотографија од плажа и рече дека нема влезено во океанот 30 години, но објави и слики како млад стилист го сменил нејзиниот имиџ кој сите го пофалија.

Маријана е медицинска сестра на Стоматологија, и ужива во својата работа.

Таа откако е во Австралија не е музички активна, но направи исклучок за својата сакана сестра Росана кога испеа придружни вокали за ненјзината песна „Спомени“.

На Велигден минатата година, Маријана стана баба. Снаата на Маријана, сопругата на синот Филип, Анастасиа, во Мелбурн ја роди Ева, првата внука на Маријана и на Тоде Новачевски.

Маријана и Тоде имаат и ќерка која се вика Магдалена и во една прилика емотивно ѝ го честиташе роденденот. Ќерката неодамна се сврши и наскоро ќе се мажи, така што ова ќе биде уште една радост во семејството Новачевски.

Маријана пред крајот на минатата година, зборуваше за своето секојдневие во едно интервју во Женски магазин.

„Причината што не можам да си прославам опкружена со моите најмили, кои живеат во Македонија е добро позната. А и искушенијата во животот, со кои верувам сите на овој свет на кој било кој начин се соочувавме.

Пoсветена сум на моите деца, кои не се обврзани дa бидат со својата мајка за дочекот на Нова година или за прославата на Божик. Ја имаат таа слобода сами да решаваат каде и со кого да бидат во одредени денови во годината – откри Маријана.

Маријана од Австралија напиша честитка на својот Фејсбук профил, и раскажа по што ќе ја памети 2021 година, и што посакува на себеси и на своите најмили. Маријана објави и слики од неа како се дотерува за снимање со Татјана Лазаревсска.

Исто така, таа напиша и стихови од песна на Росана Сариќ- Тодоровска, и тоа песната „Свири ми брате цигане“, која Росана ја има испеано пред доста години со Ферус Мустафов, кралот на песната и веселбата.

– Како овие птици на елката посакувам слобода на љубовта, насмевката, мислењата, другарувањата.

Ја испраќам оваа мачна година, година на премрежја, тага и солзи со надеж кон сите и за сите дека Новата 2022 ќе ни донесе многу повеќе убавини, ќе не спои сите заедно како некогаш, ќе го сочува пријателството, ќе подари силни и искрени прегратки…

Чувајте ја и одржувајте ја љубовта кон сите, негувајте го пријателството, славете и веселете се со насмевката.

Денес сме здрави, живи сме, утре кој знае кај ќе сме. СРЕЌНА НОВА до сите мили души.

Previous articleВиолета: Градоначалнику Пецаков, ќе има ли одговорност за оние пред вас?
Next articleВладо Јаневски избега од Скопје, еве каде се пресели и живее мирен живот