Home Live Мери: Сертификат за во кафана да си покажеш, па после диши си...

Мери: Сертификат за во кафана да си покажеш, па после диши си во врат со сите, ама детето сабајле испрати го со маска во школо

Новинарката Мери Јордановска, во еден од своите Фејсбук статуси кои ги објави претходно, објасни што мисли за владините мерки кои се воводеа изминатово лето:

-Кога ќе стигне соопштение од Влада, прво треба психофизичка припрема, и тоа сериозна.в1. Одлучија дека до 30 луѓе е ок да бидат во угостителски објекти, без разлика вакцинирани или невакцинирани.

Над 30, само вакцинирани (како го планираа ова, немам појма).

2. По недела дена тоа падна во вода, строго само вакцинирани и прележани до 45 дена (од кај најдоа 45 дена, никој не знае) можат да влегуваат во кафичи и во молови. 3. На затворено – забранети секакви настани.

4. Стигнавме до 32 поч-инати дневно. Тие вечерва одлучија дека може и настани на затворено до 30 посто од капацитетот, само за вакцинирани со 2 дози, вакцинирани со една доза и прележани до 45 дена.

Е сега, или мојот IQ отишол во минус, или некој нека даде соодветно објаснување:

– Нели со една доза не бевме доволно заштитени, нели ни велевте дека со една доза треба најмногу да внимаваме.

Како сега наеднаш лице со една примена доза е помала опасност од лице, кое на пример, пред 60 дена го прележало вирусот и има антитела, посебно во затворен простор?

– Во првиот дел од денешното соопштение на Владата се вели: „Дозволена работа на ресторани, кафетерии, кладилници, обложувалници, концерти, семинари, работилници и други настани на затворено со 30% од капацитетот на просторот“.

Во вториот дел: „Останува забраната за одржување свадби, родендени и други приватни прослави во затворените делови на угостителските објекти“. Само јас тука гледам контрадикторност?

Значи као со другарки можам да седнам во затворениот дел од кафичот, ама ако запееме Happy birthday, ќе не избркаат надвор? Или ако видат дека некој носи поклон, ќе речат „аааа, ова е веќе прослава, sorry“.

И за крај, нели и вакцинираните можат да го шират вирусот? Чуму тогаш дозвола за настани во затворени објекти, токму сега? вИ не, не сум антивак-сер, апсолутно сум ЗА вакцинација, но тоа не значи дека ќе се клањам пред секоја владина одлука.

Ако сум се одлучила да се вакцинирам, тоа не значи дека ми е одземено правото да се сомневам во компетенцијата на оние кои ги носат одлуките во наше име“, рече таа. Неодамна, Јордановска објави статус во кој зборува за својата љубов кон животните, но ја поврзува со каратерот на некои луѓе:

– Ако таа е „само“ куче, тогаш каде се „само“ луѓето? Беше доцна навечер, една од потешките вечери оваа година. Оние кога си во неможност да земеш здив затоа што имаш чувство дека сè што доаѓа однадвор те гуши, оние вечери кога дознаваш лоши вести, она кога физички те боли дури и мислата. Влегуваш под туш, долг туш, се обидуваш да ја испереш секоја лоша мисла, да си дадеш надеж сам на себе.

Излегуваш и гледаш две очи вперени во тебе. Ништо, само те гледаат, и сфаќаш дека биле тука долго време. А има разлика кога очи „те гледаат“ и кога „навистина те гледаат“. Има очи кога те гледаат и зборови не требаат.

Лили лежеше на облеката што сум ја фрлила и ме гледаше. Знаеше. И не сакаше да биде на друго место, тоа го знам. Да ја немаше облеката ќе лежеше на плочките, сеедно. Присуството значеше. Облекуваш пижами, седнуваш и очите сè уште се вперени во тебе. И наеднаш, како сите лоши мисли да исчезнуваат.

Ќе речете, добро, тоа е САМО едно куче. Ако е Лили „само“ едно куче, тогаш каде се „само“ луѓето? Приметувате дека сè помалку ги има? Јас да. И не поради короната, туку поради фактот што себичноста изби на површинa – оваа година ми беше една од полошите.

Па така, сè што имам да кажам е дека барем ја преживеавме. А очите на Лили ми се синоним, обележје и надеж, подлабоко да гледаме, барем во оние што ни значат. Мојата „тетка Биберче“, highlight на 2021.

Бидете тука за луѓето, луѓе. Погледнете ги, ама навистина. Имаме многу да учиме од овие четириножни суштества и нивната чиста љубов.

Ако се тие „само животни“, да бидеме ние „само луѓе“, ама во вистинска смисла. Тие не треба да учат, едноставно им доаѓа, ама ние имаме долг пат да учиме.

Јордановска во својот нов Фејсбук статус ги критикува владините мерки кои налагаат децата на училиште да носат маски и вели дека таа не е против мерки, но е против мерки кои се истресени од ракав.

Има ли барем еден надлежен во државава да даде логично објаснување зошто децата уште носат маски во училиште? Зошто бре ги малтретирате? Поголеми преносители се? Повеќе се заразуваат? Бројките не велат така.

Кафаните преполни, не со 50 отсто капацитет туку со 200 посто капацитет, вакцинираните со две дози веќе се збогуваа од антителата, во минус ни отидоа, амааа сертификат за во кафана и мол обавезно на врата да си покажеш, па после диши си во врат со сите, ама детето сабајле испрати го со маска во школо.

Само јас ли гледам нелогичност во меркиве, како некој сеир да си фаќа со нас? И не, не сум против мерки, ама апсолутно сум против мерки истресени од ракав, колку да се каже дека си играме држава.

Previous articleПеро Антиќ во театар без Катарина, празно столче до него, но еве кој седи позади него (ФОТО)
Next articleКарелеуша нераздела со градоначалникот на Белград, откри кој сон ѝ го остварил тој