Home Live Замина голем човек, легендата на Вардар – неговата ќерка, познатата пејачка ја...

Замина голем човек, легендата на Вардар – неговата ќерка, познатата пејачка ја објави веста

Искра Трпева -веќе подолго време не е на музичката сцена. Таа откако остана бремена и се породи со ќерката Ангела, целосно се повлече од јавноста и се посвети на мајчинството.

Денес работи како професор во музичкото училиште. Неодамна таа сподели семејна фотографија на Фејсбук, каде што напиша дека ќеркичката Ангела е сè во нејзиниот живот.

Ангела во јуни наполни десет години, а Искра повеќе од десет години е во брак со поранешниот фудбалер, а сега професор по физичко воспитување, Благоја Арсовски.

Пред девет години пејачката се соочи со животна траг едија кога го изгуби бебето, синот. Сепак, ќерката Ангела успеа да ја врати нејзината насмевка, изјавила во една пригода Искра Трпева.

Пејачката Искра Трпева е родена на 1 јануари во 1973 година во Скопје. аа е професор по соло пеење, професијата со којашто се занимава и денес. Мажена е за поранешниот македонски фудбалер Благоја Арсовски. Учествуваше на многу македонски фестивали, а најмногу на МакФест.

Трпева својата естрадна кариера ја започна со познатиот македонски композитор Кристијан Габровски во 1998 година, а песните од тој период се Допри ме, Штом падне мрак и Заврши се.

Таа денес е среќно мажена и остварена како мајка, а годините не се гледаат на нејзиното лице.

Позната е инаку по својата енергија кога станува збор за нстапот и за пеењето, и по бојата на гласот која е специфична.

Во текот на летиот период, пејачката Искра Трпева уживаше со семејството покрај морскиот брег. Додека мама Искра и малата преслатка Ангела се сончаат и си играат со водата, тато Благоја мами женски воздишки позирајќи и на сопругата покрај морето.

Инаку, таа е и угостител, сопственик на едно скопско кафул. Во една прилика, има изјавено дека нејзиното име Исктра сосема го оправдува нејзиното име, затоа што таа како личност е секогаш многу искрена.

Исто така, има раскажано дека музиката е целиот нејзин свет, а сега тоа е ќерката Ангела, која е најголемата радост на мама и на тато. Искра за жал 2021 година ќе ја испрати со тажна случка. Имено таа го загуби својот татко.

Таткото на Искра, Ванчо беше познат спортски работник. Непроценлив е придонесот на Ванчо Трпевски во Вардар, тренер кој го посвети целиот живот на црвено-црните.

Популарниот Чукаре за Вардар не одигра многу, само 16 мечеви, но затоа тренерски се посвети од пионерите до сениорите.

Најголемиот дел од својот цел тренерски стаж го мина посветувајќи им најголемо внимание на младите категории во младинско-пионерската школа „Кирил Симоновски – Џина“. Беше и тренер на вардаровиот тим во втората шампионска генерација во сезоната 1993/94.

Трпевски беше селектор-тренер на пионерската, јуниорската и сениорската селекција на Македонија во бивша Југославија, а беше и селектор на јуниорската и на младата селекција во Македонија. Добитник е на признанието за животно дело од тренерската организација на Македонија.

Искра за својот татко напиша: ТАТКО… Каква Големина од човек беше ТИ. Кои зборови да ги казам за да ја опишат твојата Добрина, Професионализам ,а пред се Родител. Дел од мојата душа и срце отиде со тебе.

ТИ БЛАГОДАРИМЕ ШТО БЕШЕ НАШ ТАТКО. Патувај со ангелите ,тебе само таму ти е местото. ТЕ САКАМЕ МНОГУ. Ти тоа го знаеш.

Последното испраќање на нашиот татко и сопруг ќе биде на Град ските гроб ишта Бутел на 31.12 во 11 часот. Поц ивај во мир татичко“, напиша Искра Трпева.

Previous articleКарелеуша нераздела со градоначалникот на Белград, откри кој сон ѝ го остварил тој
Next articleСиноќа Заев организирал забава за збогување од политиката – Ѓорѓи Спасов објави ФОТО кој сè бил таму