Home Live Пецаков- охридскиот градоначалник нема да оди по кафани, ќе биде на отворено...

Пецаков- охридскиот градоначалник нема да оди по кафани, ќе биде на отворено за Нова година, за Фокус раскажа детали

Кирил Пецаков е новиот градоначалник на Охрид познат по прекарот Пецакот. Тој е инаку доктор- стоматолог, познат кадар на ВМРО ДПМНЕ. Почнувајќи од Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ се` до член на највисокото тела на раководство.

Пецаков има 35 години, роден е во Охрид. тој е дипломиран стоматолог, од неодамна и специјалист. -Уште едно поглавје во својата професија завршен. Доктор Специјалист по ДЕТСКА И ПРЕВЕНТИВНА СТОМАТОЛОГИЈА.

Ви благодарам на сите за поддршката, на сите пријатели и другари, посебно на мојата фамилија, сопругата Билјана Пецакова, двата сина Стефан и Борјан, моите родители!“, напиша Пецаков на Фејбук.

Тој е вработен во итната стоматолошка служба во Здравствениот дом во Охрид. Негова поддршка на изборите беше актерот Горан Стојановски, познат како Џемо Биљбиљ или инспектор томе од серијата „Прееспав“.

Покрај капиталните проекти, имаме одделни проекти низ повеќе сегменти: Подобри услови за живеење за сите, дигитализација, мобилност и инфраструктура, модерно и современо образование за сите млади, заштита од климатски промени и животна средина, урбанизам, модерен и атрактивен локален туризам, спорт и култура и идеи од граѓани.

На сетоа тоа се надополнуваме и со пресонализирана кампања за секое место во градот каде што се обврзуваме на минимум три темелни проекти коишто се најнеоходни. Нови паркови, нови велосипедски патеки, пристапни влезови, зелен и хуман град.

Отворање индустриска зона во која локалните компании и инвеститори би пронашле интерес да го прошират својот бизнис, а со тоа отворање нови работни места. Подобрување на инфраструктурата во целост“, изјави Пецаков во инрервју за Курир.

Во Фокус, Пецаков раскажал по што ќе ја памети годинава што изминува, каде ќе ја помине најлудата ноќ и што му се плановите за 2022 година.

„Завршив со мојата специјализација и се стекнав со звањето Специјалист по детска и превентивна стоматологија.

На моја голема чест ја добив довербата од мојата матична партија и бев кандидат за градоначалник на Општина Охрид, а што е уште позначајно, ја добив довербата од моите драги сограѓани, да го предводам нашиот град“, раскажува градоначалникот.

Тој за Фокус изјавил дека 2021 година му донела важни животни искуства, голем број на нови пријателства, успешна работа и нови ангажмани. Неговата сопруга Билјана, која исто така е стоматолог по професија му е најголемата животна поддршка.

Тие се во брак седум години и имаат два сина, на возраст од шест и една година. Во минатото професионално се занимавал со ракомет, но изминатите пет години спортот му бил само хоби.

-Изминатата година ме научи на поголемо трпение, на нова надеж, на поголема посветеност и поголема верба во луѓето. Ме научи дека силната желба, посветеноста и јасната цел секогаш водат кон успех, раскажува градоначалникот.

Тој кажал дека за дочекот на Новата година, ќе биде токму на охридскиот плоштад, заедно со своите сограѓани, кои решиле новогодишната ноќ да ја поминат во Охрид. Инамку, на плоштадот ,,Свети Климент Охридски” ќе има организирана празнична програма со локални музичари.

Previous articleШто прави Савка, бившата на Лозано- се пофали дека е во врска и изгледа неверојатно добро (ФОТО)
Next articleДодека Петар Грашо се спрема за свадба со 15 помладата Хана, Данијела доби изненадување од друг човек од Турција