Home Live Полни усни, свечена шминка- дали водителката Јована се вежба за мажење? (ФОТО)

Полни усни, свечена шминка- дали водителката Јована се вежба за мажење? (ФОТО)

Пред неколку месеци, оваа убавица прослави роденден, па на социјалните мрежи ги почести своите фанови со две преубави фотографии, и со по некој мудар и интересен збор.

Децата растат, а луѓето стареат? Не! Човек никогаш не треба да престане да расте. Ова не е утеха за стареењето.

Ова е предизвик. Да бидеме подбри и поголеми луѓе со секоја наредна година од животот. Денес ми е роденден. Благодарам за убавите честитки“, напиша Јована.

Јована ја знаеме како скромна и резервирана, номинатото лето водителката изненади со фотографијата што ја постави на Инстаграм.

Таа уживаше во луксузен ресорт во Турција, а позираше во костим за капење покрај базен. „Сакам да го запомнам овој момент засекогаш“, вака Јована ја опиша сликата.

Убавата водителка Јована Стојменовиќ е омилена кај гледачите кај сите генрации, особено кај оние што ја следат во Утринската програма на Сител, „Ја сакам Македонија“.

Пред неколку месеци, оваа убавица прослави роденден, па на социјалните мрежи ги почести своите фанови со две преубави фотографии, и со по некој мудар и интересен збор.

Децата растат, а луѓето стареат? Не! Човек никогаш не треба да престане да расте. Ова не е утеха за стареењето. Ова е предизвик.

Да бидеме подбри и поголеми луѓе со секоја наредна година од животот. Денес ми е роденден. Благодарам за убавите честитки“, напиша Јована..

– Емисијата оди во живо и постојат многу непредвидени ситуации кои можат да се случат и се случиле. Лапсуси секако дека имало и ќе има, но не можам да издвојам некој конкретен на кој се сеќавам, веројатно поради тоа што секогаш гледаме да ги заборавиме ситуациите што ни предизвикале да се засрамиме.

Но, имало многу згоди и незгоди на целата утринска екипа што предизвикале и да се нервираме, но и да се смееме до солзи.

Неодамна една гостинка стави чајник за кој не знаеше дека е со пластично дно на рингла поради што се случи вистински пожар на плотната и се зачади целото студио, а снимателите го гаснеа само две минути пред да продолжиме во живо.

Но, шоуто секогаш мора да продолжи, па така и би, како ништо да не се случило“, изјави Јована во Женски магазин, за емисијата која ја води. Таа ретко зборува за својот приватен живот, но во истото интервју го спомна и својот дечко.

– Иако јавните личности би требале отворено да зборуваат за тоа, како уредник на „Убавина и здравје“ мене ми е потребно да го прават тоа за да бидат инспиративни за новинарите и читателките, но јас никогаш не зборував за тоа.

Не се двојни стандарди, туку мене ми е некако лично непријатно да зборувам на таа тема, а гледам дека на многумина не им е, па сметам дека сите што се чувствуваат како мене, не треба да зборуваат и обратно. Зошто непријатно?

Можеби, стравувам како публиката ќе го коментира кажаното од моја страна, а мојот однос со партнерот за мене толку значаен што се плашам да дозволам да биде тема која луѓето ќе ја коментираат на кафе. Се плашам да ги пуштам луѓето внатре каде што треба да бидеме само јас и тој.

Имам долга врска, вљубена сум, а врската ми е толку долга што поради тоа официјално не сме ја означиле како брак.

Знаете кога ќе минат години и години, заедно живеете и делите се, вие сте во брак, иако не сте се венчале. Можеби и ќе се венчаме, но и ако не го сториме тоа, ние сме маж и жена.

Дали кажав премногу?“, изјави Јована.

Една слика на Фејсбук профилот на Јована привлекува посебно внимание, а тоа е фотографијата на која таа е супер нашминкана.

Полни усни, вештачки трепки и појака шминка која обично се користи на разни веселби, особено на свадби, има Јована на оваа слика и птрашањето е- дали убавата водителка се спрема за мажачка?

Previous articleХарис Џиновиќ без капа – исплива стара фотка, ретко кој го видел ваков (ФОТО)
Next articleШто прави Савка, бившата на Лозано- се пофали дека е во врска и изгледа неверојатно добро (ФОТО)