Home News Синоќа Заев организирал забава за збогување од политиката – Ѓорѓи Спасов објави...

Синоќа Заев организирал забава за збогување од политиката – Ѓорѓи Спасов објави ФОТО кој сè бил таму

Вечерта по завршувањето на вториот круг од локалните избори, кои неговата партија ги загуби, Зоран Заев излезе на говорница и како и што најави претходно, си поднесе оставка од функцијата лидер на СДСМ и премиер.

Многумина, особено опозицијата, не веруваа дека Заев ќе си го одржи зборот и ќе се повлече, туку неговиот потег го сметаа само како уште еден трик. Но на крајот се покажа дека Заев не блефирал.

Најпрво пред отприлика две недели, во рамките на СДСМ се одржаа внатрепартиски избори, на кои Димитар Ковачевски беше избран за нов лидер на партијата.

Потоа Заев, ја депонираше својата оставка и во Парламентот:

-До Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери

Почитуван Претседател на Собранието господин Талат Џафери, Почитувани Пратеници,

Со ова мое писмо Ве известувам дека поднесувам оставка од функцијата Претседател на Владата на Република Северна Македонија..

Оваа моја одлука ја презедов како логичен чекор кој произлегува од исходот на локалните избори и како израз на преземената одговорност за изборните резултати.

Резултатите на последните избори, иако беа локални, за политичкиот момент во кој се наоѓа земјата имаа и национална политичка тежина.

Во вакви услови, за мене лично и за мене како премиер, заради политиките во кои верувам, заради демократските и европските вредностите во кои верувам, политички неодговорно и неоправдано пред мојот народ и мојата земја би било јас лично да продолжам да ја водам Владата на евроатлантскиот пат.

Сметам дека друг премиер од редовите на СДСМ тоа ќе може да го оствари на подобар начин, со успех и за граѓаните и за државата.

Со мојата оставка со која ја преземам одговорноста сакам да оставам пример за да се препознаваат доблесните одлуки кога тоа е неопходно и со тоа да дадам уште еден придонес во јакнење на демократскиот капацитет на народот, но исто така и на идните лидери за да бидат свесни за својата граѓанска должност кога ја преземаат грижата за својата земја.

Затоа што демократијата значи и одговорност. Ова го направив и за да може да продолжи да се развива нашата западно-европска идеја и прогресивниот концепт во земјата да си создаде услови за сопствено освежување и зајакнување, а со тоа да не се дозволи да биде поразен на национално ниво

– за да можат токму тие современи демократски сили да опстојат и да продолжат да се борат за напредокот на Северна Македонија – во име на слободата, демократијата, различностите, добрососедството, НАТО и за полесно и побрзо да ги почнеме преговорите со ЕУ.

Ми беше огромна чест што можев да служам и што ја имав довербата на мнозинството од народот во изминатите четири години..

Особено сум горд на тоа што поддршката стигаше од сите етнички заедници, од целиот наш мултиетнички народ и што големата идеја за нашето „Едно општество за сите”, денес, полека, но сигурно почнуваат да ја прифаќаат и нејзините противници.

Во сите предизвици има периоди на мир меѓу две битки, денови кога ентузијазмот ослабнува, кога се соочуваме со неисполнување на тоа што се очекува и што е договорено.

Но, едно е сигурно дека никогаш нема да има денови, ниту ситуации, кога тие моменти биле причина да се откажеме од остварувањето на нашата голема цел што си ја поставивме со сите наши граѓани само пред четири години.

За време на моите мандати како премиер, донесовме историски одлуки поради кои Северна Македонија наместо како „поранешна република“, без свое трајно и суверено потврдено место во друштвото на народите, го доби тоа што ѝ припаѓа според нејзиното достоинство и историски заслуги.

Тие одлуки овозможија Македонците и македонскиот јазик да бидат потврдени од целиот свет, а овој пат и од нашиот сосед и пријател, Република Грција. Сметам дека со тоа обезбедивме траен мир, безбедност, сигурност и трасиран пат за економски добробит на народот.

Сакам да им се заблагодарам на пратениците во Собранието, овој и претходниот состав, на членовите на двата состави на Владата за време на моите мандати и на граѓаните на нашата држава.

Прво, за изразената доверба на парламентарните избори, потоа и за поддршката за мојот избор за премиер со што прифатија дека нема такви прашања за кои нема одговор додека постои волја за нивно решавање и додека постојат взаемни односи на искрена доверба и пријателство.

Времето ќе покаже дека оваа моја одлука е во согласност со мојата определба да бидам политичар кој презема одговорност за да бидат донесени тешки, но историски важни одлуки за добрата и сигурна иднина на нашиот народ и на државата, без притоа грижата за личниот политички рејтинг да ја ставам пред државните интереси.

Посакувам благосостојба и просперитет на сите наши граѓани, на сите заедници, на целиот наш народ. Со почит, Зоран Заев.

Функционерите и членовите на СДСМ се поздравуваат со Заев, оценувајќи го како храбар државник кој повлекол многу корисни потези за државата.

Еден од поранешните функционери на СДСМ, кој и денес силно ги поддржува политиките на владеачката партија, Ѓорѓи Спасов, пред малку на социјалните мрежи објави слика од како што ја нарече средба за збогување од политиката на Зоран Заев.

„На вечера организирана од Зоран Заев се збогувавме со него по напуштањето на функцијата претседател на СДСМ и премиер на Владата. Нека му е со среќа“, напиша Ѓорѓи Спасов.

На фотографијата, освен Ѓорѓи Спасов, може да се види дека на вечерата биле и Нано Ружин и Абдулменаф Беџети.

Previous articleЗамина голем човек, легендата на Вардар – неговата ќерка, познатата пејачка ја објави веста
Next articleИТНО ХОСПИТАЛИЗИРАН Мили – примен во болница, ова е причината (ФОТО)