Home Live ТАГА ВО КУЌАТА НА ЏОГАНИ: Весна сподели ТАЖНА ВЕСТ

ТАГА ВО КУЌАТА НА ЏОГАНИ: Весна сподели ТАЖНА ВЕСТ

Сопругата на Џоле, Весна Џогани денес важи за популарна пејачка, но пред да стане славна имала тешко детство.

Мајката на Весна Џогани останала бремена, а немала никаква поддршка од нејзиниот партнер.

Кога Весна наполнила една година нејзината мајка Сретана немала доволно финансии и била принудена да ја остави во сиропиталиште.

По кратко време, пејачката била посвоена од едно семејство, а Весна го одржувала контактот со нејзината мајка.

Подоцна како тинејџерка се вклучила во групата „Џогани Фантастико“. Џоле и Весна се заљубиле, се венчале и имаат две деца:синот Адријан и ќерката Лаура.

Иако сега има доволни пари за да ангажира жени кои ќе и помогнат дома, Весна вели дека не сака и дека потполно е посветена на семејството.

Родена е на 15 септември 1982 година во Белград. Нејзината мајка Сретена остана бремена, а татко и не сакаше да го прифати тоа дете, па беше приморана да ја напушти Весна и да ја остави во прифатилиштето за запуштени деца во улицата Звеѓанска во Белград на една година.

Наскоро била посвоена од помлад пар кој немал свои деца. И покрај сè, Весна имаше среќно детство, па останала во контакт со нејзината биолошка мајка.

Од 2002 година е во врска со Ѓорге Џоле Џогани, со кого има две деца, синот Адријан и ќерката Лора, пишува на веб-страницата Биографија.

Весна влегла во светот на музиката како тинејџер, играјќи во училиште за танцување управувано од Џоле Џогани и неговата тогашна сопруга Слаѓа Делибашиќ. Кога Џогани се разведоа и решија да го продолжат својот бизнис самостојно, Весна реши да остане во групата на Џоле.

Сосема случајно, таа во 2001 година стана главен женски вокал на танцовата група Џогани, а од тогаш до 2019 година тие снимија шест албуми, како и многу синглови и компилации. Иако ретко настапуваат во главниот град на Србија, Весна и Џоле се добредојдени гости во клубовите низ цела Европа.

КогаЏоле и Слаѓа решија да раскинат, дел од танцовата група продолжи да работи со Слаѓа, а Весна одлучи да не го менува тимот. Џогани продолжи да создава музика за танцовата група Џогани.

Како што рекоа во едно интервју, во 2001 година тргнуваат во потрага по нова пејачка. Договорот беше да се сретнат со Катарина Каја Остојиќ во Нови Сад и да и се понуди соработка.

Меѓутоа, кога Џоле ја слушнал Весна како пее, го свртел автомобилот и се вратил во Белград. Веќе следниот ден, тие започнале да снимаат нови песни, а Весна Тривиќ стана главната женска вокалистка во групата Џогани.

Иако српскиот печат пишуваше дека Џоле ја изневерувал Слаѓа со Весна, тие во неколку наврати ги демантираа тие написи.

Имено, тој истакна дека се разведол од Слаѓа во ноември 2001 година, и дека започнал врска со Весна само осум месеци подоцна. Тие го добија синот Адријан во јули 2006 година.

Како што изјавил гордиот татко во тоа време, момчето го добило името по бразилскиот фудбалер Адриано (Адријано Леите Рибеиро). После тоа, Весна за кратко се повлече од јавната сцена за да му се посвети на синот.

Истото го стори во јануари 2014 година, кога ја роди ќерката Лора. Инаку,Џоле од првиот брак со Слаѓа Делибашиќ ги има ќерките Силвија и Маринел

Весна Џогани на својот TikTok профил објави дека по чинал најверниот член на семејството, пишува Курир.рс.

Имено, Весна Џогани објави дека нивното куче починало, по 16 години живеење со нив, а на целото семејство му било тешко.

– Пред 4 години ми рекоа дека е тоа, дека нема лек. И јас се надевав и променив сè! И доби бонус за четири години. Реков ќе се борам до последен здив…, напиша Весна во описот на видеото.

„Планирам нов член на семејството. Домашно милениче, куче. Доволни се две деца.

Многу сум емотивна и поминуваме низ тежок период, син ми завршува осмо одделение, ќерка ми првo, многу брзо поминува времето“, изјави неодамна пејачката.

Previous articleВанковска: Сега разбрав дека единствено јас сум била неподобна за МАНУ
Next articleЗаев Зоран: Успеавме, рестрикции на струја нема да има