Home Live Татјана и Милена во тесни фустани, кренаа раце, се фатија за микрофон-...

Татјана и Милена во тесни фустани, кренаа раце, се фатија за микрофон- Вака изгледа кога колешки пеат (ФОТО)

-Многу луѓе ме препознаваат по мојата насмевка, велат секогаш сум насмеана“, рече во една прилика Милена Антовска- Станковска, познатата водителка од ТВ Канал 5 која сега се повлече од ТВ екраните затоа што го очекува своето второ дете.

– Се трудам да е така и најчесто така и се чувствувам, но има и некои денови кога баш и не ми се смее, но не сум единствена и не е ништо ново за ова време во кое живееме..

Сепак кога подобро ќе размислам и нема причина оваа насмевка да се избрише од моето лице затоа што моите најблиски се живи и здрави, а тоа ми е најважно.

Маана можеби ми е што често себе си се ставам на последно место. Дали е добро тоа или не, не знам… Времето ќе покаже“, рече Милена на Фејсбук.

Милена Антовска Станковска важи за една од најубавите и најшармантните водителки кај нас, а кога се појави пред камерите во едно вакво издание никој не можеше да го тргне погледот од нејзините убави нозе.

Милена не ретко знае да се фотографира во студиото и да објави фотографија на социјалните мрежи.

Таа позираше во црн тесен фустан со кусо здолниште и црни чизмички, а во преден план се нејзините долги нозе. „Ехххј Миленче маа… Ама нога вртиш“,

„Време беше нешто да покажеш“ беа само некои од коментарите под фотографијата на Милена на социјалните мрежи.

Сега иако не е активна на ТВ, на гледачите им е една од омилените водителки, дама која со своето долгогодишно искуство одлично „плива“ о својата работа.

Како што е познато , Милена е дел од екипата на ТВ Канал 5, каде што се појави во повеќе проекти, а најзапаметена е по Утринската програма која ја води со колегите Роверт Јанков и Јелена Спенџарска.

Од неодамна, во екипата им се придружи и Вера Мештеровиќ, поранешна Мис на Македонија која исто така гледачите ја засакаа како дел од екипата на Утринската програма.

Милена инаку претходно ја водеше емисијата „Сподели про блем“ со Милена каде што одеше на терен и ги слушаме проблемите на народот и колку што е во можност со помош на институциите ги решаваше.

Животот на Милена се смени во 2016 година, кога таа и нејзиниот сопруг Гордан ја добија својата прва радост, ќеркичката Лана Марија.

Инаку, Лана Марија е родена празникот Голема Богородица, и Милена во една прилика има изјавено дека овој голем и важен ден ѝ дал сила.

Сега, Милена е бремeна по втор пат. Милена изјави дека таа и нејзиниот сопруг Гордан очекуваат уште едно девојче и многу се среќни поради тоа, а среќна е и нивната ќерка која ќе добие сестричка.

Милена поради бременоста која ѝ се случи во пандемијата се повлече од ТВ екраните, имено таа веќе не ја води утринската програма на Канал 5.

На нејзино место, откако и заврши породилното отуство, дојде Александра Пановска- Илиевска, коа претходно ја водеше емисијата „Брза кујна“ на Сител. Александра пак ја замени Сања Савеска.

Александра изгледа одлично по породилното отуство, таа е како по дома пред Тв камерите и веднаш се вклопи во екипата на Канал 5 која одлично ја прифати.

Милена сподели спомен од една предновогодишна забава со Татјана каде што двете колешки си пеат, облечени во тесни црни фустани, со кренети раце, и пеат во дует. Милена под оваа слика напиша: Вака изгледа кога колешки пеат.

Previous articleМарија Шерифовиќ сkpши чаша, Цеца заигра оро, ЛУДИЛ0 во Звезде гранда (ФОТО)
Next articleПеро Антиќ во театар без Катарина, празно столче до него, но еве кој седи позади него (ФОТО)