Home Live Владо Јаневски избега од Скопје, еве каде се пресели и живее мирен...

Владо Јаневски избега од Скопје, еве каде се пресели и живее мирен живот

Владо Јаневски рече дека воопшто не спиел по концерот во Крива Палнка, и дошол право на Утринска програма кај Вера Мештеровиќ во Канал 5 телевизија, и откри дека после концерти не се спие ич.

Јаневски најави дека ќе се множат песни на македонски и на хравстки јазик, а ќе се множат и песни за хрватски албум, затоа што тој има договор за снимање песни со Кроаиција рекордс кој е направен пред неколку години.

Владо рече дека самиот си ги пишува своите песни, и се пошегува- поефтино е така и рече дека сега не пишува песни за други пејачи, а порано пишувал за Тоше Проески, за Каролина Гочева.

„Имаше многу инспирација, имаше многу љубов, имаше многу девојки околку мене, имав и одвишок идеи.

Некои песни коишто не беа за мене ги напишав за дригите, и сега ретроактивно ги пеам на мои концерти.

Да речеме, со Копров, за Андријана Јаневска напишавме „Твоето писмо моја библија“, и сега ја пеам на мои концерти.

Тој текст мене ми е многу драг и се каам што воопштво сум го дал на друг, ама си го пеам на концерти.

На Каролина ѝ напишав една балада и на хрватски и на македонски „Кад звезде нам се склопе“, па таа ја препеа, па некогаш и не оди на хрватски, така да дури и песни што сум ги пишувал за други, си ги пеам- „Љубовта е моја религија е пишувана за Каролина, а ама јас си ја пеам на концерти.

Јаневски раскажа дека му фалат големите концерти, и дека се надева дека на пролет ќе може да одржи некој таков на отворено, а инаку во пролетните месеци поради нов албум тој ќе биде повеќе во Хрватска.

Владо потоа рече дека има спомени за Нова година и помни многу нешта:

„Можеби не се случува нешто многу околу мене, живеам еден мирен, многу спокоен живот, не е ни од далку бруно како што луѓето замислуваат, ниту гламурозно- кој знае како си го тераат животот ова пејачиве…

Воопшто не е така. Јас барем обожавам така да живеам, мирно спокојно.

Затоа и се преселив во Гевгелија, таму ми е многу спокојно, четири брзини поспоро него во Скопје. Мислев дека ќе ми биде убаво, не знаев дека до толку ќе ми биде убаво.

Штом отидам во некој друг град на концерт, прва мисла ми е-назад во Гевгелија, не ми е назад во Скопје, и веќе во глава ми дојде по дифолт, да си вртам десно за Гевгелија. Не толку што е потопло, толку е мирно, луѓето се кротки, тоа ми одговара.

Не дека има нешто многу пријатели, не дека некој многу бурен живот имам, ама токму она што ми треба, еден спокоен, мирен живот, којшто е спротивност од шоу бизнисот.

Значи ако шоу бизнисот е брзо, лудо, бучно, интензивно, Гевгелија е се што не е, Гевгелија е се обратно.

Мирно тивко, и токму тоа ми треба за баланс“, рече Владо и потоа раскажа како ги пишува неговите песни. Рече дека ако е дома на пијано, а ако е во движење, бара гитара за да го забележи тоа што го напишал. „Кога си во движење, тешко е да дојдеш до клавир.

За среќа, во хотелот Фламинго во Гевгелија има клавир. Јас немам во станот во Гевгелија клавор, ама во хотелот во Фламинго има клавир, на кој што со дозвола, од време на време можам некоја идеја да запишам, а една гитара сигурно дека секогаш има кај мене.

Previous articleМаријана од Австралија раскажа за премрежјата, за тагата и за солзите
Next articleМарија Шерифовиќ сkpши чаша, Цеца заигра оро, ЛУДИЛ0 во Звезде гранда (ФОТО)